Хумористичната онлајн петиција, врз основа на идеја која меѓу првите на Твитер ја предложи корисник од Полска, ја потпишаа 6.500 луѓе, пренесуваат чешките медиуми.
Konečně smysluplná petice. Díky @az247cz. https://t.co/wHiFBlaT6S pic.twitter.com/sR0mOdJ1nG
— Poslední skaut™ (@Posledniskaut) September 28, 2022
„Време е да го поделиме Калининград за нашите браќа Чеси конечно да добијат пристап до море“, напиша на Твитер Полјакот, со мапа на која на Чешка ѝ припаѓа северниот дел од Калининградската област.
Калининград е основан во чест на чешкиот крал Пшемисл Отакар Втори во 13 век, а повод за петицијата се неодамнешните референдуми за припојување кон Русија во четирите украински региони Луганск, Доњецк, Херсон и Запорожје, и нивната анексија од страна на Москва.
Чесите сега постираат смешни пароли, меѓу кои „Да го направиме Калининград повторно Чешки“, „Калининград е Чешка“ и „Краловец (чешкото име за Калининград) е наш“.
Некои објавуваат и приказни како одлично си поминале на калининградските плажи сега кога имаат свое море, и не мора повеќе да одат во Хрватска.
Меѓу другото, Чесите на социјалните мрежи ја објавуваат и „веста“ дека во руската ексклава е одржан референдум на кој повеќе од 100 жители се изјасниле за тоа Чешка да ја анектира таа област.