Вчера во 17.20 часот на бул.„Никола Карев“ во Скопје од полициски службеници од СВР Скопје лишени се од слобода Н.Љ.(27) и М.Љ.(29), двајцата од Скопје.
Тие двајца, на подрачјето на Кисела Вода, сториле кривично дело „разбојништво“, при што од едно лице одзеле мобилен телефон.
„По преземени мерки и активности сопрено е патничко возило „фиат пунто“ со скопски регистарски ознаки, во кое се превезувале двете осомничени лица, тие се приведени во полициска станица, а кај нив е пронајден одземениот предмет“, информираат од МВР.
По целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесен соодветен поднесок.