Утре со почеток од 20:45 часот на арената „Тодор Проески“, Македонија ја пречекува Бугарија во последниот меч од Лигата на нации за оваа сезона.
Натпреварот нема резултатско значење бидејќи е познато дека Грузија го освои првото место и оди ранг погоре, а Гибралтар ќе остане последен и ќе испадне во најслабата зона.
„Нема натпревари без важност. Секако дека ќе се обидеме да победиме. Натпреварот со Гибралтар е минато, раковме дека ќе победиме и навистина победивме. Важно е за бугарскиот тим да им концентрација 90 минути и желба за победа“, изјави Крстајиќ на денешната прес-конференција.
„Македонија е добар тим, очекувам тежок натпревар, би сакал да ја имаме истата енергија како и на мечот со Гибралтар. Ве молам ова да го преведете точно (кон преведувачот), бидејќи разбирам бугарски. Игравме со голем адреналин и истото го сакам и утре. Треба да излеземе на теренот фокусирани, тоа е нашата задача“.
„Ситуацијата надвор од теренот? Тоа е работа на политичарите. Ние ќе играме атрактивно колку што ќе ни дозволи ривалот. Ако загубиме, како би играле атрактивно? Ако е добар резултатот, значи сме играле добро. Моите играчи се способни за такви работи“,