Македонската историографија веќе ги има нотирано фактографските податоци, реагираат членовите на Историската комисија

Во текстот на реакцијата, за која Комисијата побара од медиумите да се објави во целост, се вели:

На 15. август беа објавени решенијата на Заедничката мултидисциплинарна комисија за историски и образовни прашања кои беа усвоени во 2018 и 2019 г., по што во јавноста излегоа реакции во кои доминираа клевети, обвинувања и манипулации за ненаучност, предавство и бугаризација, без притоа да се понудат аргументи за тоа. Оние малку аргументи што се нудат всушност се произволни, нестручни и селективни толкувања на историјата, со употреба на празна и исполитизирана реторика за наводна бугаризација на Македонија и Македонците. Најголемото разочарување и истовремено иронија е тоа што во голем дел обвинувањата за наводното предавство се повикуваат на македонската историографија, која впрочем веќе ги нотирала фактографските податоци наведени во решенијата на Комисијата.

Да почнеме со ред и да повториме што Комисијата препорачала до Владите во Скопје и Софија и зошто сметаме дека критиките се лаги и манипулации со цел да се шири страв и да се лаже македонската јавност.

Најголемата лага е дека текстовите со кои се препорачува заедничко чествување ќе бидат применети во образовниот систем. Во изминатите четири години при секоја можност, како и на брифингот со новинарите на 15 август, беше јасно кажано дека препораките за Кирил и Методиј, Наум, Климент и Самоил се за заедничко чествување, а дека препораките за учебниците се друга тема на дискусија на Комисијата. Личностите предложени за заедничко чествување се избрани поради нивното универзално значење за културите на современите држави и поради постоењето историски традиции во двете општества за нивната дејност. Ова се главните обвинувања и клевети за наводното предавство:

1. Браќата Кирил и Методиј биле толкувани како „бугарски словенски просветители", а словенската писменост како „старобугарска".
2. Недозволиво изедначување на Преславската со Охридската школа.
3. Св. Наум самоволно ја напуштил Бугарија и заминал кај Климент во Охрид.
4. Ќе се учи дека ширењето на христијанството и словенската писменост е бугарски проект.
5. Самоил е бугарски цар.
6. Препораките ги деградираат научните трудови и резултати на македонската историографија што ги создавала речиси 80 години наназад.

Читајќи ги овие тврдења, човек се прашува дали воопшто ги прочитал некој текстовите за препорачаните личности за заедничко чествување?

Да почнеме со Св. Кирил и Методиј. Во текстот никаде не се толкува дека тие се бугарски словенски просветители, а словенската писменост старобугарска. Во текстот пишува дека нивното дело „ги поставува основите на христијанската култура и духовност на словенските народи. Прифаќањето и ширењето на писменоста и преводите на богослужбените книги им овозможува на словенските народи да се запознаат со христијанското учење на разбирлив јазик. Во продолжение се вели дека „делото на Св. Кирил и Методиј е сочувано и развивано во книжевните центри Преслав и Охрид, кои тогаш се наоѓале на територијата на средновековната бугарска држава, каде што нивните ученици наоѓаат услови за работа". 

Каде овде се кажува за бугарски карактер на светите браќа и нивната мисија, или, целта е намерно да се лаже јавноста и свесно да се поттикнува страв дека некој ќе ги „бугаризира" Македонците?

Во однос на учениците на Кирил и Методиј, Климент и Наум, доволно е да се види што пишува во трудовите на најреферентните македонски автори кои јасно кажуваат дека тие по прогонството во Моравија биле пречекани со високи почести од бугарскиот владетел Борис I (Историја на македонскиот народ, ИНИ, Скопје 2008, стр.95, Митко Панов). Во истата книга, од истиот автор се вели „Климент во 886 г. официјално бил испратен на мисионерска работа во областа Кутмичевица...", каде што се наоѓал Охрид. Во главниот извор за животот на Климент Охридски се вели: „Како што некогаш апостол Павле беше испратен од ангелот во Македонија така и овој пат Св. Климент од страна на благоверниот цар Борис е испратен во охридските краишта, односно во областа Кутмичевица" (Свети Климент Охридски – хагиографија и химнографија, Македонска православна црква – Охридска архиепископија, Дебарко-кичевска епархија, Охрид 2016, 15.).

На други места, врз основа на изворите се споменува за помошта што Наум ја имал од Борис I и Цар Симеон и дека Наум и Климент дејствувале во рамките на нивната држава (Тони Филиповски, „Свети Наум Охридски и неговите епитети: охридски и чудотворец", во Зборник 1100 години од упокојувањето на Свети Наум Охридски, Охрид, 2011, с. 154, фусн. 4, како и други референтни автори). Зар треба да се спомене фактот дека во црквата во манастирот Св. Наум постои и фреска на Борис I. Тоа е сосема разбирливо со оглед на неговата улога во мисијата на Св. Наум и изградбата на манастирот. Тешко дека тоа би се случило доколку Наум самоволно заминал за Охрид. Но, сето тоа не им дава бугарски предзнак ниту на нивните духовни, ниту на нивните материјални дела. Исто така, дали спомнувањето на двете школи во иста реченица е аргумент дека тие се изедначуваат? На кој начин укажувањето на основните фактографски податоци од 9. и 10. век нас Македонците нè прави Бугари? Каде се споменува во текстовите дека овие личности се Бугари или Македонци? Зар веруваме дека во 9. и 10. век постоеле Македонци и Бугари како што постојат денес?

Станува уште поинтересно што овие податоци се дел и од македонските учебници по историја за средно образование меѓу чии автори се оние историчари што деновиве овие фактографски податоци ги претставуваат како „бугаризација" (Тодор Чепреганов, Митко Панов и др., Историја за Прва година гимназиско образование, АЛБИ 2017, стр.150-152; Милан Бошкоски et al. Историја за Прва година гимназиско образование, Просветно дело 2016, стр.169-172). Според логиката на манипулациите досега ние одамна требаше да бидеме бугаризирани со оглед на тоа што сѐ е нотирано во македонската историографија и македонското образование. Дали тоа значи дека некои од овие автори кои денес сејат страв дека со препораките за заедничко чествување ќе се „бугаризираат" Македонците, всушност ја започнале „бугаризацијата" на македонскиот народ уште пред повеќе од десет години? Зошто овие основни историографски податоци нотирани од страна на македонските историчари сега се проблем? И конечно, зошто недостига елементарна чесност од односните критичари да признаат дека препораките на Комисијата го содржат токму тоа што тие во своите трудови претходно го пишувале?

Покрај ова, имаше и обвинувања дека се изоставени и други фактографски податоци значајни за овие личности и на тој начин се минимизирал нивниот македонски карактер, наспроти бугарскиот или дека требало да се потенцира терминот Словени и изведенките од него. Прво, разочарувачки е што во нападите овие историчари не сфатиле дека овие текстови не се научни статии во кои треба да се толкуваат фактите и дека во нив не може да се дадат сите податоци. Толкувањата и историографската дебата ќе продолжи и понатаму по овие препораки. Второ, не можеме да разбереме како би ги направиле овие личности македонски ако споменевме дека Св. Кирил и Методиј биле испратени од Византија во мисија во Моравија или дека се родени во Солун од родители Ромеи кои биле во служба на Византија и зборувале на грчки јазик? Трето, како потенцирањето на Словени ќе ги направи разликите помеѓу Македонците и Бугарите, кога и бугарскиот народ е словенски народ?

Во однос на Цар Самоил, со усвоениот текст не е ништо ново кажано, што македонските историчари не го кажале и напишале. Македонските историчари кои го проучувале или го проучуваат Самоил го имаат нотирано она што Комисијата го нотираше. Имено, дека „во историографијата се оформил доста широк консензус (макар и не целосен) во однос на формата – бугарско царство, а како спорна се јавува содржината" (Стојко Стојков, Царство, етницитет, наследства, интерпретации, во: 1000 години од битката на Беласица и од смртта на Цар Самоил, ИНИ, МАНУ, 2014, 113). Во трудот „Политичко-идеолошките традиции на Самуиловата држава: реконцептуализација на историската интерпретација и контекстуализација" објавен во Прилози кон историјата на Македонија и македонската култура во издание на МАНУ од 2020 година, Митко Панов констатира: „Следејќи ја оваа византиска концепција, традиционалните учени ја претставуваат политиката на Самуил или како директно продолжување на Првата бугарска империја или како независна држава основана во Македонија што ги продолжува државните и црковните традиции на Бугарската империја". Притоа, некои од „традиционалните учени" се всушност авторитети во современата медиевистика. Да ја споменеме и Енциклопедијата на МАНУ каде што се наведува следново: „Во изворите најчесто се именува како бугарски цар, а неговата држава како Бугарско царство". Од друга страна за хипотезата дека Самуиловото царство е македонско царство се вели „таа не наишла на целосен прием ниту во македонската историографија" (Стојко Стојков, цит. труд, 119).

Како овие текстови кои се предлог-препораки зошто Скопје и Софија би можеле да ги чествуваат овие личност, се деградирање на македонската историска наука, кога истата таа наука ги нотирала овие основни фактографски податоци? По кој начин со овие текстови ќе се негира етногенезата на македонскиот народ или ќе се бугаризира Македонецот? Освен празни реченици, би сакале да видиме конкретен аргумент и пример дека етногенезата на македонскиот народ ќе биде негирана. Македонската историографија има и знаење и капацитет да се справи со минатото и не треба со манипулации и политизации да се држи закотвена под стаклено ѕвоно. Во спротивно се задушува секаква слобода на научно изразување.

Македонците ќе продолжат да ги слават и чествуваат овие личности како дел од македонската историја, култура и традиција, а евентуалното заедничкото чествување при јубилеи, годишнини и соодветни поводи може да претставува само начин да се покаже дека овие личности имаат универзален карактер. Ниту на едно место не се сугерира тоа што упорно некој сака да го прикаже. Ниту една од препораките не сугерира дека Македонците немаат право да ги слават самостојно своите национални и историски вредности и никој не ги „демакедонизира", како што се манипулира, затоа што целосно легитимно е во националните политики на сеќавања, сето наследство од овие личности да се слави како национално наследство.

Да се обратиме и до колегите историчари во Република Бугарија. „Ликувањето" и „славењето победа" од страна на бугарските историчари е несериозно и претставува лажен триумфализам кој само пречи на работата на Комисијата и на добрите односи меѓу македонскиот и бугарскиот народ. Во текстот никаде не се пишува за бугарски национален карактер на Македонија, на светите браќа Кирил и Методиј и нивните ученици, туку тоа е нивни обид да избегаат од фактот дека текстовите ги негираат националистичките теории востановени во Бугарија во кои се тврди дека старословенскиот е старобугарски или дека Кирил и Методиј се бугарски просветители. Тоа е така бидејќи очигледно не сакаат да прифатат дека во средниот век лојалноста е кон династија или круната и тоа не значи културна и етничка припадност, а употребата на политоними (Бугарија) не е еднакво на етноним. Исто така средновековните државни атрибути немаат идентитетско значење како што денес ги разбираме, посебно не во тој ран средновековен период. Впрочем, исто онака како што тврди и најголемиот дел од светската наука на која се повикавме во текстот за Цар Самоил. Затоа сметаме дека препораките се пораз на историските митови во двете држави и така треба да се читаат.

На крајот сакаме да се заблагодариме и на другите колеги историчари од Институтот за национална историја, катедрата по историја при Филозофскиот факултет во Скопје и Универзитетот Гоце Делчев во Штип, кои беа консултирани во работата на Комисијата, како и на оние што беа дел од тимот кога овие препораки беа усвоени – проф. д-р Ванчо Ѓорѓиев, проф. д-р Дарко Стојанов и проф. д-р Александар Литовски.


Football news:

<!DOCTYPE html>
Kane on Tuchel: A wonderful man, full of ideas. Thomas in person says what he thinks
Zarema about Kuziaev's 350,000 euros a year in Le Havre: Translate it into rubles - it's not that little. It is commendable that he left
Aleksandr Mostovoy on Wendel: Two months of walking around in the middle of nowhere and then coming back and dragging the team - that's top level
Sheffield United have bought Euro U21 champion Archer from Aston Villa for £18.5million
Alexander Medvedev on SKA: Without Gazprom, there would be no Zenit titles. There is a winning wave in the city. The next victory in the Gagarin Cup will be in the spring
Smolnikov ended his career at the age of 35. He became the Russian champion three times with Zenit

21:12 24 АНАЛИЗА - Ќе се стави ли крај на загадувањето и што се презема за заштита на здравјето на луѓето? | 24 Вести
21:00 Шукова: Итно да се формираат здруженија за забранетиот отпад во депониите | Слободен Печат
20:45 Ракометарите на Еурофарм Пелистер поразени и од Келце во ЛШ
20:42 Костадиновска-Стојчевска и Лорд Пич: Културата е цврст темел на трајното пријателство во македонско-британските односи
20:27 СЕ ПРОДАВА „ЅВЕРОТ“ КОЈ ГО ВОЗЕШЕ ЛИЧНО ТАА – кога ќе видите чиј автомобил може да биде ваш нема да ви биде добро, одвојте пари веднаш! (ВИДЕО)
20:22 Шукова: Ќе има казни доколку компаниите не формираат здруженија за управување со индустриски отпад | Либертас
20:17 Македонија на 67-то место на најновата листа на Индексот за владеење на правото
19:37 ОГРОМНА СУМА НА ПАРИ, А ЗА ОВОЈ ЗНАК ГОЛЕМ ПРЕСВРТ – еве што им носи на овие четири хороскопски знаци затемнувањето на месечината на 28 октомври
19:36 Шукова за ТВ 24: Ниеден град не го решил загадувањето преку ноќ, но работиме | 24 Вести
19:36 Јовановска за ТВ 24: Обврска ни е да се справиме и со отпадот од производителите | 24 Вести
19:34 (ФОТО) 30.000 денари награда за 76-годишниот Минче кој беше нападнат од мечка
19:30 Тодоров: Штета е што КАТО системот престанал да функционира наместо да се надоградува
19:13 Четири натпревари суспензија за Декози, Работнички два, МЗТ Скопје еден натпревар дома без публика
19:12 Маричиќ – Хан: ЕУ работи на создавање погодна средина за нејзино проширување до 2030 година
19:10 ПРОСЛАВА ВО ДОМОТ НА АНА БЕКУТА – пејачката со посвета кон својата внука која денес ги направи горди сите, таа е вистинска бомба (ФОТО)
18:47 Псоријазата кај децата не е ретка појава – обрнете внимание на симптомите
18:35 НИ ДОАЃА СВЕТА ПЕТКА – еве што треба да направат таа вечер девојките за да го сонуваат идниот сопруг!
18:29 Заборавете на дождот: Следува нов температурен шок
18:18 Томовски: Владата нека намали со криминалот, така ќе има пари за повисоки пензии
18:13 Ласовска: Главни виновници за ниските пензии и тешкиот живот на пензионерите се СДС и ДУИ, пред 7 години им ветуваа „Живот за сите“, но денес нема живот за никој
18:11 Кадиевска-Војновиќ: Пари за пензии ќе има само треба да се прекине со јавни набавки во четири очи
18:10 Израел се согласи да ја одложи инвазијата во Газа
18:06 Ласовска: Главни виновници за ниските пензии и тешкиот живот на пензионерите се СДС и ДУИ
18:02 ЗАБОРАВЕТЕ НА ДОЖДОТ: Ни доаѓа нов температурен шок и време кое е далеку од најавување на есента – особено овој ден од викендот испланирајте си го!
18:00 Есенски оброк, вкусна крем супа од карфиол
17:49 Кадиевска-Војновиќ: Пари за пензии ќе има само треба да се прекине со јавни набавки во четири очи и да се намали расипничко трошење на Владата
17:28 Томовски: Доколку владата сака да им ги исполни барањата на пензионерите и да им ги покачи пензиите постои начин, нека намали со криминалот
17:07 ЛАНИ ФРЛИ 100 ИЛЈАДИ ЕВРА ЗА НОВИОТ ИЗГЛЕД – а еве како некогаш изгледала Стоја, се појави видео старо 17 години, пејачката тенка како прачка (ВИДЕО)
16:57 Тен Хаг: Онана покажа карактер, знае дека досега не беше на своето ниво и можеше да игра подобро
16:57 На Евертон му се заканува одземање на 12 бода?!
16:54 Никола Тодоров: Страшно е тоа што се зборува дека се случило на Клиниката
16:54 Клуб од Дубаи влегува во Евролигата и АБА
16:48 Халеп ја обжали четиригодишната суспензија од тенисот
16:46 Работнички ја доби Куп драмата со Шкендија
16:43 Стјуардеса открива во кои денови треба да купите авионски билет за да заштедите пари
16:34 Бектеши: Мерките за ограничување на цените на производите даваат одличен резултат
16:33 Германска компанија претстави лек против рак: Туморот престанал да расте кај сите пациенти
16:26 Поранешен британски полицаец осуден на доживотен затвор за повеќе од 100 сексуални злосторства врз деца
16:22 Зеленски: Украина ќе возврати ако Русија ја нападне енергетската инфраструктура
16:20 Вовед во Ноќта на вештерките: 7.000 осветлени тикви на фестивал во Њујорк (ФОТО)
16:19 Апелацискиот суд Гостивар и годинава работи со помалку судии и помошен персонал
16:16 Пукањето во “Ист гејт”во полиција пријавено околу половина час пред да се појави во медиумите
16:00 Есенски самит на ЕУ утре и задутре – фокус на Блискиот исток и Украина
15:59 Ристески: Ќе се одржи Фестивал на костенот во Македонски Брод
15:54 Јенс Столтенберг вели дека нема „ништо неетичко“ во одбранбената индустрија
15:29 ПУКАЊЕТО ВО СКОПЈЕ НАДАЛЕКУ СЕ СЛУШНА – српските медиуми два дена пишуваат за драмата во главниот град, дури открија и нов детаљ непознат за јавноста! (ФОТО)
15:29 Кире Лазаров го објави списокот на ракометари за мечот со Грција (ФОТО)
15:20 Не паметам никогаш толку убиства и насилен криминал, а Спасовски ќе не убедува имало најниска стапка на криминал
14:53 Хамнеи: „САД управуваат со израелските напади врз Појасот Газа“
14:51 Адел откри дека била на работ на алкохолизам: Не пијам три месеци, но ми недостасува
14:50 „Ист гејт мол“: Безбедноста на вработените и на посетителите е наш врвен приоритет
14:34 На распит пред Анкетната комисија за онкологија актуелни и поранешни заменици-министри за здравство
14:15 Отворен Дневен центар за лица со попреченост во Чашка, ќе има 12 корисници
14:12 Османи на дискусија за поддршка на бранителите на демократијата од Авганистан: Македонија покажа одговорност кога тоа беше најпотребно
13:45 Спасовски: МВР успешно и квалитетно ја реализираше хуманитарната мисија за прифаќање на граѓаните од Авганистан
13:04 Уапсена жената што ја нападна Елена Ристеска, се огласи и обвинителството
12:49 Агелер во посета на Врховниот суд: Судството не смее да биде под притисок на политиката
12:29 Убиството на Дугина и тајната војна на украинските шпиони против Русија
11:11 Ковачевски: Ќе имаме редовни избори, датумот ќе мора да биде договорен со сите политички партии во Собранието
10:34 Бислимоски: До понеделник или вторник ќе ја донесеме одлуката за цената на парното
10:19 „Kриминалци и убијци се бараат преку социјални мрежи“ – Чулев го критикува МВР оти пукачот од „Ист гејт“ уште не е фатен
10:16 Маричиќ-Вархеји: Северна Македонија има место во ЕУ, сега е момент за забрзување на пристапниот процес
9:31 Се зголемуваат цените, но растат и платите, инфлацијата се намалува, но предизвиците остануваат, порачува Бесими
10:48 Домашна пита со праз затру цело семејство – 47 годишна жена почина, ланата чувале дома за глувци
10:30 Израел ја стави Газа под целосна опсада – нема да има струја, гориво и храна
11:23 Притвор за мајка осомничена за предизвикување пожар со цел да се прикрие свирепо убиство сторено од синот
11:22 Симечка: Ќе направиме сѐ Фицо да не формира влада
11:22 Симецка: Ќе направиме сѐ Фицо да не формира влада
11:22 Вучиќ најави докази за настаните во Бањска „во следните 24 часа“ | Р.С.Европа
11:21 Македонското друштво “Илинден“-Тирана бара од властите на Република Албанија да го прогласат бугарскиот државјанин Виктор Стојанов за персона нон грата
11:13 Нов протест за скандалот на онкологија, утре во 18 часот пред Владата
11:10 Говорот на омраза е храна за политичка некултура и за екстремна поларизација | CivilMedia
11:10 Утре започнува исплатата на пензиите, зголемени се за 5,3%
11:02 Детали за апсењето на Србинот во Јариње оти тргнал на погреб кај убиен во Бањска
10:59 Османи: Загижен за трупањето на војска на границата помеѓу Србија и Косово, разговарав со Дачиќ, за поздравување е одлуката за повлекување на војската
10:57 Демостат тврди: Вучиќ иде на средба со Путин
10:30 Бабовски: Трипуновски повторно ја заплашува јавноста, двете пратки пробиотски јогурт се вратени во Србија
10:26 Отворена изложбата „Лица на револуцијата“ на необјавени портрети од македонски револуционери | Макфакс
10:24 Ова се најновите детали за убиството во Хром: Мајката на убиецот сакала да ги скрие трагите од убиството, еве како
10:12 Бабовски: Двете пратки пробиотски јогурт се вратени во Србија
10:03 Новото видео обраќање на Александар Вучиќ повторно ја разбранува јавноста
10:02 Бабовски: Трипуновски ја манипулира и заплашува јавноста, јогуртот е вратен во Србија | Канал5
9:58 Скопјанка предизвика пожар за да го прикрие свирепо убиство сторено од синот
9:56 Најмалку шестмина загинати во пожар во преполн ноќен клуб во Шпанија (ВИДЕО)
9:52 Вучиќ принципите на меѓународната заедница за настаните на Косово повторно ги спореди со Северна Македонија | Локално
9:42 Гестот на Филип Живојиновиќ ја расплака Александра Пријовиќ кога се симнала од бина по концертот! (ВИДЕО)
9:34 (ВИДЕО) Пожар избувна во клуб во Шпанија, најмалку шестмина загинати
9:28 Кениска доминација на Скопскиот маратон, Киплагат и Матебо најбрзи | А1 On
9:26 Касами: Нема да гласаме за уставните измени додека формулацијата „20 отсто“ не се замени со „албански јазик“ | 360 степени
9:22 Спасовски: МВР за граѓаните- Транспарентно и отчетно | Канал5
9:20 ЦУК: Во последното деноноќие имаше 39 пожари, од кои активни се шест
9:20 Град Скопје распиша конкурс за директор на МКЦ
9:18 Над 11 илјади натпреварувачи од 53 држави денеска го трчаат скопскиот маратон
9:07 Цеца ја „стисна“ Маја Беровиќ за половината, па замешаа на познатиот хит на Пријовиќ: „Јас сум одлично“ (ВИДЕО)
9:00 ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО: Снајперитст го застрела еден од вооружените Срби на Косово
8:55 ВИДЕО: Александра Пријовиќ на концерт во моден избор од над 5.000 евра
8:52 Времето денеска сончево и топло
8:45 Велика Британија најави можност за испраќање војници во Украина за прв пат од почетокот на војната
8:44 Маж и жена осомничени за убиството и пожарот во Хром: Жената уапсена, полицијата трага по мажот
8:41 ВМРО-ДПМНЕ: Токсично млеко и јогурт завршиле во маркетите, а АХВ спие