Судот о прорускиот регион Доњецк на истокот на Украина ги обвини Пребег и уште четворица странски државјани дека како платеници се бореле на украинска страна.
На тројца, вклучувајќи го Пребег, им се заканува смртна казна. Другите двајца се Британецот Џон Хардинг и Швеѓанецот Матијас Густафсон.
Сите тројца се уапсени во и околу градот Мариупол.
Повикувајќи се на судијата, руската агенција ТАСС наведува дека судењето би можело да продолжи на почетокот на октомври.
Хрватска претходно најстрого го осуди обвинението на Народна Република Доњецк против Пребег, притворен во самопрогласената република.
Официјален Загреб „го отфрла обвинението и не го смета за основано и легално, бидејќи е спротивно на меѓународното право и меѓународните конвенции за постапување со заробените цивили и воените заробеници“, соопшти хрватското министерство за надворешни и европски работи претходно месецов.
Соопштија и дека се во постојан контакт со украинските власти и други партнери за да се разјасни случајот и да се ослободи Пребег, како и дека се во контакт со неговото семејство.