„Радко“ им го отвори патот на „Ванчо Михајлов“ и „Цар Борис Трети“

Иако законот предвидува, во пракса нема институција која што за сега може реагира и евентуално да спречи формирање на здружение кое директно или индиректно задира во темелите на државата и повреда на правата на другите. Според Законот за здруженија и фондации се забранува основање на организација ако програмата и нејзиното дејствување, меѓу другото е насочено кон поттикнување и разгорување на национална, расна или верска омраза или нетрпеливост но и ако презема активности со кои се повредуваат слободите и правата на други луѓе.

Уставниот суд им отвори пат на министерството за правда и на обвинителството

 

Дилемата дали поради именувањето и целите на дејствување на бугарските клубови во Македонија има законската можност истите да бидат затворени ја разрешил Уставниот суд уште во март 2001 година кога донел едногласна Одлука со која ги поништи Програмата за работа и Статутот на здружението на граѓани „Радко" од Охрид (Радко е псевдоним на Иван (Ванчо) Михајлов) со образложение дека овие документи се насочени кон насилно уривање на уставниот поредок на Република Македонија и разгорување на национална или верска омраза или нетрпеливост.

„Судот утврди дека Статутот и Програмата на Здружението на граѓани "Радко" – Охрид не се во согласност со Уставот на Република Македонија и истите се насочени кон насилно уривање на уставниот поредок на Република Македонија и разгорување на национална или верска омраза или нетрпе- ливост. Ова од причина што според учењето на Иван Михајлов "Радко", македонскиот етнос никогаш не суштествувал на овој простор, туку истиот им припаѓал на Болгарите од Македонија и дека со неговото признавање бил направен најкрупниот престап во болшевичката централа за времето на нејзиното суштествување. Имено, според неговото учење, процесот на дебугаризација на Македонија, насилно спроведен после втората светска војна, претставува србо-комунистичко ропство, а оваа србокомунистичка доктрина и по осамостојувањето на Република Македонија од 1991 година, продолжувала да биде официјална доктрина во државата", пишува во дел од Одлуката на Уставниот суд.

Но и покрај ова од министерството за правда велат дека слободата на здружување е уставно загарантирано право А за министерството за правда единствена релевантна и доволна причина за оценка на името, програмата и дејствувањето на некоја организација е законската рамка во Македонија но и, како што велат од таму, внимателно повикување на судската пракса на Европскиот суд за човекови права.

„Постојната правна рамка, со внимателно повикување на судската пракса на Европскиот суд за човекови права е доволна за надлежните институции, ако се доведе во прашање називот на организацијата со одредена контроверзна историска личност, да ги следат и оценат суштински како програмските така и дејствијата на организацијата и нејзините членови пред да донесат каква било одлука за забрана на упис или забрана за дејствување".

Здружението „Радко" ѝ „пресуди" на Македонија

Европскиот суд за човекови права (ЕСЧП) во Стразбур, на чија пракса се повикува министерството за правда не мислел исто како Уставниот суд кога во 2009 година по поднесената жалба од здружението „Радко" одлучил дека името само по себе, не е доволно за да биде згаснато едно здружение во демократска држава. Според судот, македонската Влада и Уставниот суд не дале доказ дека Здружението би можело да дејствува како „терористичко", па клучен елемент во прогласувањето на основачките акти за ништовни е името на Здружението и учењето на Иван Михајлов-Радко.

„ Под овие околности, Судот не може да прифати дека името 'Радко' и неговите или идеите на неговите следбеници биле одговорни за нараснатите непријателски чувства како и можна повреда на ставовите на мнозинството на популацијата. Сепак, Судот смета дека именувањето на Здружението според поединец кој негативно се третира кај мнозинството, не би можело самото по себе да претставува идна закана за јавниот ред. Во отсуство на некаков конкретен доказ кој ќе покаже дека со изборот на Здружението да се вика себеси 'Радко"', се предодредило за политика која ќе претставува реална закана за македонското општество или државата, Судот смета дека произнесувањето засновано на називот на Здружението, само по себе, не го оправдува неговото распуштање", пишува во дел од Пресудата на ЕСЧП.

Единствен судија кој не се согласил со ваквата одлука и која дала издвоено мислење е тогашната македонска судијка во Стразбур, Мирјана Лазарова-Трајковска. Врз основа на ова Република Македонија беше упатена на извршување на одлуката на ЕСЧП и во 2016 година го регистрираше здружението „Радко".

Противниците на здруженијата се „крстат" во обвинителството

Иако според законот секој може да поднесе иницијатива за забрана на работата на некоја организација сепак само јавен обвинител може да оцени и да поднесе предлог за забрана за работа до надлежен суд.

„Основното јавно обвинителство Охрид во август годинава, по допрен глас оформи предмет за да ги испита наводите за евентуални пропусти при регистрацијата на Здружението на граѓани „Цар Борис Трети" – Охрид. Издадена е наредба до Централниот регистар за обезбедување на целокупната документација поврзана со регистрацијата на наведеното здружение. Од мај годинава, по поднесена кривична пријава од една политичка партија, оформен е предмет и во Основното јавно обвинителство Битола кој се однесува на регистрацијата и функционирањето на Културниот центар „Иван (Ванчо) Михајлов". Постапувајќи по пријавата, надлежниот јавен обвинител издаде наредби за обезбедување докази до СВР Битола, како и барања за податоци од Централниот регистар и Министерството за правда", велат од Јавното обвинителство.

Од министерството за правда велат дека е формирана работна група која работи на нов Закон за здруженија и фондации кој се очекува најдоцна до крајот на октомври да биде објавен на ЕНЕР каде сите заинтересирани ќе можат да дадат свои мислења, забелешки и сугестии. Од правда велат и дека ќе бидат организирани јавни расправи.

„Во меѓувреме ,со цел да се спречат и превенираат одредени состојби , формирано е советодавно тело за давање мислење за употреба на име на историска и друга позната личност во името на здружение и друго правно лице. Ова тело ќе дава мислење за карактерот на историските личности, начинот на кој ќе се формираат здруженијата со цел да се избегне злоупотреба на одредени личности кои имаат негативен контекст низ различни епохи", информираат од правда.

По денешното формално и официјално отворање на клубот „Цар Борис Трети" во Охрид и опозициската ВМРО-ДПМНЕ најави дека до Собранието ќе поднесе Закон за измена и дополнување на Законот за здруженија и фондации со што, како што велат од пратијата, не само што ќе се спречи идно формирање на вакви квази културни клубови туку и ќе може да се реагира за веќе постојните кои власта на СДСМ дозволила да се регистрираат и е нивен соучесник.

Искра Опетческа


Football news:

<!DOCTYPE html>
Kane on Tuchel: A wonderful man, full of ideas. Thomas in person says what he thinks
Zarema about Kuziaev's 350,000 euros a year in Le Havre: Translate it into rubles - it's not that little. It is commendable that he left
Aleksandr Mostovoy on Wendel: Two months of walking around in the middle of nowhere and then coming back and dragging the team - that's top level
Sheffield United have bought Euro U21 champion Archer from Aston Villa for £18.5million
Alexander Medvedev on SKA: Without Gazprom, there would be no Zenit titles. There is a winning wave in the city. The next victory in the Gagarin Cup will be in the spring
Smolnikov ended his career at the age of 35. He became the Russian champion three times with Zenit

21:12 24 АНАЛИЗА - Ќе се стави ли крај на загадувањето и што се презема за заштита на здравјето на луѓето? | 24 Вести
21:00 Шукова: Итно да се формираат здруженија за забранетиот отпад во депониите | Слободен Печат
20:45 Ракометарите на Еурофарм Пелистер поразени и од Келце во ЛШ
20:42 Костадиновска-Стојчевска и Лорд Пич: Културата е цврст темел на трајното пријателство во македонско-британските односи
20:27 СЕ ПРОДАВА „ЅВЕРОТ“ КОЈ ГО ВОЗЕШЕ ЛИЧНО ТАА – кога ќе видите чиј автомобил може да биде ваш нема да ви биде добро, одвојте пари веднаш! (ВИДЕО)
20:22 Шукова: Ќе има казни доколку компаниите не формираат здруженија за управување со индустриски отпад | Либертас
20:17 Македонија на 67-то место на најновата листа на Индексот за владеење на правото
19:37 ОГРОМНА СУМА НА ПАРИ, А ЗА ОВОЈ ЗНАК ГОЛЕМ ПРЕСВРТ – еве што им носи на овие четири хороскопски знаци затемнувањето на месечината на 28 октомври
19:36 Шукова за ТВ 24: Ниеден град не го решил загадувањето преку ноќ, но работиме | 24 Вести
19:36 Јовановска за ТВ 24: Обврска ни е да се справиме и со отпадот од производителите | 24 Вести
19:34 (ФОТО) 30.000 денари награда за 76-годишниот Минче кој беше нападнат од мечка
19:30 Тодоров: Штета е што КАТО системот престанал да функционира наместо да се надоградува
19:13 Четири натпревари суспензија за Декози, Работнички два, МЗТ Скопје еден натпревар дома без публика
19:12 Маричиќ – Хан: ЕУ работи на создавање погодна средина за нејзино проширување до 2030 година
19:10 ПРОСЛАВА ВО ДОМОТ НА АНА БЕКУТА – пејачката со посвета кон својата внука која денес ги направи горди сите, таа е вистинска бомба (ФОТО)
18:47 Псоријазата кај децата не е ретка појава – обрнете внимание на симптомите
18:35 НИ ДОАЃА СВЕТА ПЕТКА – еве што треба да направат таа вечер девојките за да го сонуваат идниот сопруг!
18:29 Заборавете на дождот: Следува нов температурен шок
18:18 Томовски: Владата нека намали со криминалот, така ќе има пари за повисоки пензии
18:13 Ласовска: Главни виновници за ниските пензии и тешкиот живот на пензионерите се СДС и ДУИ, пред 7 години им ветуваа „Живот за сите“, но денес нема живот за никој
18:11 Кадиевска-Војновиќ: Пари за пензии ќе има само треба да се прекине со јавни набавки во четири очи
18:10 Израел се согласи да ја одложи инвазијата во Газа
18:06 Ласовска: Главни виновници за ниските пензии и тешкиот живот на пензионерите се СДС и ДУИ
18:02 ЗАБОРАВЕТЕ НА ДОЖДОТ: Ни доаѓа нов температурен шок и време кое е далеку од најавување на есента – особено овој ден од викендот испланирајте си го!
18:00 Есенски оброк, вкусна крем супа од карфиол
17:49 Кадиевска-Војновиќ: Пари за пензии ќе има само треба да се прекине со јавни набавки во четири очи и да се намали расипничко трошење на Владата
17:28 Томовски: Доколку владата сака да им ги исполни барањата на пензионерите и да им ги покачи пензиите постои начин, нека намали со криминалот
17:07 ЛАНИ ФРЛИ 100 ИЛЈАДИ ЕВРА ЗА НОВИОТ ИЗГЛЕД – а еве како некогаш изгледала Стоја, се појави видео старо 17 години, пејачката тенка како прачка (ВИДЕО)
16:57 Тен Хаг: Онана покажа карактер, знае дека досега не беше на своето ниво и можеше да игра подобро
16:57 На Евертон му се заканува одземање на 12 бода?!
16:54 Никола Тодоров: Страшно е тоа што се зборува дека се случило на Клиниката
16:54 Клуб од Дубаи влегува во Евролигата и АБА
16:48 Халеп ја обжали четиригодишната суспензија од тенисот
16:46 Работнички ја доби Куп драмата со Шкендија
16:43 Стјуардеса открива во кои денови треба да купите авионски билет за да заштедите пари
16:34 Бектеши: Мерките за ограничување на цените на производите даваат одличен резултат
16:33 Германска компанија претстави лек против рак: Туморот престанал да расте кај сите пациенти
16:26 Поранешен британски полицаец осуден на доживотен затвор за повеќе од 100 сексуални злосторства врз деца
16:22 Зеленски: Украина ќе возврати ако Русија ја нападне енергетската инфраструктура
16:20 Вовед во Ноќта на вештерките: 7.000 осветлени тикви на фестивал во Њујорк (ФОТО)
16:19 Апелацискиот суд Гостивар и годинава работи со помалку судии и помошен персонал
16:16 Пукањето во “Ист гејт”во полиција пријавено околу половина час пред да се појави во медиумите
16:00 Есенски самит на ЕУ утре и задутре – фокус на Блискиот исток и Украина
15:59 Ристески: Ќе се одржи Фестивал на костенот во Македонски Брод
15:54 Јенс Столтенберг вели дека нема „ништо неетичко“ во одбранбената индустрија
15:29 ПУКАЊЕТО ВО СКОПЈЕ НАДАЛЕКУ СЕ СЛУШНА – српските медиуми два дена пишуваат за драмата во главниот град, дури открија и нов детаљ непознат за јавноста! (ФОТО)
15:29 Кире Лазаров го објави списокот на ракометари за мечот со Грција (ФОТО)
15:20 Не паметам никогаш толку убиства и насилен криминал, а Спасовски ќе не убедува имало најниска стапка на криминал
14:53 Хамнеи: „САД управуваат со израелските напади врз Појасот Газа“
14:51 Адел откри дека била на работ на алкохолизам: Не пијам три месеци, но ми недостасува
14:50 „Ист гејт мол“: Безбедноста на вработените и на посетителите е наш врвен приоритет
14:34 На распит пред Анкетната комисија за онкологија актуелни и поранешни заменици-министри за здравство
14:15 Отворен Дневен центар за лица со попреченост во Чашка, ќе има 12 корисници
14:12 Османи на дискусија за поддршка на бранителите на демократијата од Авганистан: Македонија покажа одговорност кога тоа беше најпотребно
13:45 Спасовски: МВР успешно и квалитетно ја реализираше хуманитарната мисија за прифаќање на граѓаните од Авганистан
13:04 Уапсена жената што ја нападна Елена Ристеска, се огласи и обвинителството
12:49 Агелер во посета на Врховниот суд: Судството не смее да биде под притисок на политиката
12:29 Убиството на Дугина и тајната војна на украинските шпиони против Русија
11:11 Ковачевски: Ќе имаме редовни избори, датумот ќе мора да биде договорен со сите политички партии во Собранието
10:34 Бислимоски: До понеделник или вторник ќе ја донесеме одлуката за цената на парното
10:19 „Kриминалци и убијци се бараат преку социјални мрежи“ – Чулев го критикува МВР оти пукачот од „Ист гејт“ уште не е фатен
10:16 Маричиќ-Вархеји: Северна Македонија има место во ЕУ, сега е момент за забрзување на пристапниот процес
9:31 Се зголемуваат цените, но растат и платите, инфлацијата се намалува, но предизвиците остануваат, порачува Бесими
10:48 Домашна пита со праз затру цело семејство – 47 годишна жена почина, ланата чувале дома за глувци
10:30 Израел ја стави Газа под целосна опсада – нема да има струја, гориво и храна
11:23 Притвор за мајка осомничена за предизвикување пожар со цел да се прикрие свирепо убиство сторено од синот
11:22 Симечка: Ќе направиме сѐ Фицо да не формира влада
11:22 Симецка: Ќе направиме сѐ Фицо да не формира влада
11:22 Вучиќ најави докази за настаните во Бањска „во следните 24 часа“ | Р.С.Европа
11:21 Македонското друштво “Илинден“-Тирана бара од властите на Република Албанија да го прогласат бугарскиот државјанин Виктор Стојанов за персона нон грата
11:13 Нов протест за скандалот на онкологија, утре во 18 часот пред Владата
11:10 Говорот на омраза е храна за политичка некултура и за екстремна поларизација | CivilMedia
11:10 Утре започнува исплатата на пензиите, зголемени се за 5,3%
11:02 Детали за апсењето на Србинот во Јариње оти тргнал на погреб кај убиен во Бањска
10:59 Османи: Загижен за трупањето на војска на границата помеѓу Србија и Косово, разговарав со Дачиќ, за поздравување е одлуката за повлекување на војската
10:57 Демостат тврди: Вучиќ иде на средба со Путин
10:30 Бабовски: Трипуновски повторно ја заплашува јавноста, двете пратки пробиотски јогурт се вратени во Србија
10:26 Отворена изложбата „Лица на револуцијата“ на необјавени портрети од македонски револуционери | Макфакс
10:24 Ова се најновите детали за убиството во Хром: Мајката на убиецот сакала да ги скрие трагите од убиството, еве како
10:12 Бабовски: Двете пратки пробиотски јогурт се вратени во Србија
10:03 Новото видео обраќање на Александар Вучиќ повторно ја разбранува јавноста
10:02 Бабовски: Трипуновски ја манипулира и заплашува јавноста, јогуртот е вратен во Србија | Канал5
9:58 Скопјанка предизвика пожар за да го прикрие свирепо убиство сторено од синот
9:56 Најмалку шестмина загинати во пожар во преполн ноќен клуб во Шпанија (ВИДЕО)
9:52 Вучиќ принципите на меѓународната заедница за настаните на Косово повторно ги спореди со Северна Македонија | Локално
9:42 Гестот на Филип Живојиновиќ ја расплака Александра Пријовиќ кога се симнала од бина по концертот! (ВИДЕО)
9:34 (ВИДЕО) Пожар избувна во клуб во Шпанија, најмалку шестмина загинати
9:28 Кениска доминација на Скопскиот маратон, Киплагат и Матебо најбрзи | А1 On
9:26 Касами: Нема да гласаме за уставните измени додека формулацијата „20 отсто“ не се замени со „албански јазик“ | 360 степени
9:22 Спасовски: МВР за граѓаните- Транспарентно и отчетно | Канал5
9:20 ЦУК: Во последното деноноќие имаше 39 пожари, од кои активни се шест
9:20 Град Скопје распиша конкурс за директор на МКЦ
9:18 Над 11 илјади натпреварувачи од 53 држави денеска го трчаат скопскиот маратон
9:07 Цеца ја „стисна“ Маја Беровиќ за половината, па замешаа на познатиот хит на Пријовиќ: „Јас сум одлично“ (ВИДЕО)
9:00 ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО: Снајперитст го застрела еден од вооружените Срби на Косово
8:55 ВИДЕО: Александра Пријовиќ на концерт во моден избор од над 5.000 евра
8:52 Времето денеска сончево и топло
8:45 Велика Британија најави можност за испраќање војници во Украина за прв пат од почетокот на војната
8:44 Маж и жена осомничени за убиството и пожарот во Хром: Жената уапсена, полицијата трага по мажот
8:41 ВМРО-ДПМНЕ: Токсично млеко и јогурт завршиле во маркетите, а АХВ спие