Кои особини го красат мудриот човек?
1. Мудриот човек неуспесите не ги доживува како целосна загуба. Ги користи како искуства од кои ќе научи нешто ново, дури и да е грешка што самиот ја направил.
2. Мудриот човек ќе молчи и повеќе ќе слуша отколку што ќе зборува. Таквите луѓе се свесни за својата мудрост и немаат потреба да ја докажуваат, како што тоа го прават помалку мудрите луѓе.
3. Мудриот човек секогаш работи и создава во тишина. Не ги открива своите планови, бидејќи знае дека тоа може да предизвика љубомора, завист и оспорување.
4. Мудриот човек е лукав, во позитивна смисла. Секогаш знае да ги искористи околностите во кои се наоѓа и да ги сврти во своја полза.
5. Мудрите луѓе се обидуваат да го искористат својот максимален потенцијал дури и кога станува збор за помалку напорна задача.
6. Мудриот човек секогаш ќе ги ислуша туѓите мислења и нема да го наметнува своето. Сепак, тој не потпаѓа лесно под ничие внимание. Нема да зборува доколку не го прашаат за совет.
7. Иако изгледа дека е врзан за минатото, мудриот човек секогаш гледа во иднината. Минатото го чува само како богатство на знаење и искуство.