Јас сепак би оставила изјавата односно предлогот за референдум на Левица да стигне до Собранието и официјално да дојде пред нас пратениците, да го разгледаме нивното прашање за референдумот и дури тогаш да го дадеме нашето мислење, одговори на новинарско прашање, Лидија Тасевска, пратеничка на СДСМ.
„Во секој случај останува неспорен фактор дека Левица заедно со ВМРО-ДПМНЕ се најголемите кочничари за евроинтегративните процеси на државата, овој предлог за референдум и претходниот што беше на ВМРО-ДПМНЕ тоа недвосмислено го покажуваат“, додаде Тасевска.