Утре се празнува Св. Климент, архиепископ Охридски и Св. великомаченик Пантелејмон

Свети Климент, архиепископ Охридски

Ученик на Светите Методиј и Кирил. По смртта на Св. Методиј Климент, под притисок на Германците, од Моравија тргна на југ. Со Горазд, Наум, Сава и Ангелариј – заедно наречени Петочисленици – го помина Дунав, поседе како гостин при царот Борис Михаил и потоа дојде во охридскиот крај. Прво основа манастир во Белица, кај што му беше и првото епископско седиште. Подоцна се пресели во Охрид и оттаму разви голема архипастирска и просветителска дејност за целата поблиска и подалечна околина. Во Охрид Свети Климент му подигна црква на Св. Пантелејмон. Имаше голем број ученици коишто ги препишуваа книгите со словенски букви за словенскиот народ. При таа дејност особено му помагаше Св. Наум. Вршеше чуда и за време на земниот живот, а неговите мошти до денешен ден пројавуваат исцелителна сила. После големиот труд и верната служба на Бога, се упокои мирно во Охрид, во 916 година. Неговите чудотворни мошти почиваат во некогашниот храм на Пресвета Богородица, којшто подоцна се нарече по Свети Климент.

Тропар
Небесен човеку, ангелу земен на благовестието меѓу народот, кој Бога не Го познаваше, Клименте оче преподобен, љубов од Бога просејќи, вера во Него рашири, надеж во сечие срце положи, Слово Божјо во неракотворни таблици испиша дело Кирило-Методиево во слава Господова апостолска продолжи. Моли се и не отстапувај, праведен учителу, пред Христа за наше спасение, до крајот на вековите.

Светиот великомаченик Пантелејмон

Родум од Никомидија, од мајка христијанка и татко незнабожец. Мајка му се викаше Евула, а татко му Евсторгиј. Како момче ја изучи лекарската наука. Свештеникот Ермолај го повика кај себе, го научи на верата во Христа и го крсти. Пантелејмон чудотворно излечи еден слеп когошто другите лекари залудно го лечеле: го излечи со името на Христос и го крсти. Од завист лекарите го обвинија дека е христијанин, па Пантелејмон излезе на суд пред царот Максимијан. „Со телото застана пред земниот цар, а со умот стоеше пред Царот небесен“. Тој слободно изјави дека е христијанин и пред очите на царот излечи еден фатен човек од долгогодишна болест. Ова чудо ги привлече кон Христа многубројни незнабожци. Царот го подложи Пантелејмон на маки, но Господ му се јави на светителот неколкупати и го избави цел и неповреден. Тогаш пострада и Свети Ермолај заедно со Ермип и Ермократ. Кога беше осуден на смрт, Пантелејмон клекна на молитва. Во тој миг џелатот го мавна со меч по вратот, а мечот се скрши како да беше од восок. И џелатот не можеше да го погуби додека светителот не ја заврши својата молитва и самиот не рече да го заколат. Неговите мошти станаа исцелителни. Свети Пантелејмон беше заклан под некоја маслинка, којашто потоа целата се закити со плод. Името Пантелејмон значи „семилостив“. Семилостивиот Бог ја прими неговата праведна душа и го прослави меѓу Своите големи светители. Овој прекрасен маченик пострада чесно за Христа во својата младост, на 27 јули 304 година. Свети Пантелејмон се повикува при молитвите на водоосветување и елејоосветување (осветување на масло) заедно со Свети Ермолај и останатите бесребреници и чудотворци. Најубавиот храм посветен на овој светител се наоѓа на Света Гора.

Тропар
Страдалецу свети и целителу Пантелелејмоне, моли Го милостивиот Бог, да им даде прошка на гревовите на душите наши.

Кондак
Како подражател на Милостивиот, откако прими од Него благодат за исцеленија, страдалниче и мачениче на Христа Бога, со твоите молитви исцели ги нашите душевни болести, изгонувајќи го секогаш борецот на соблазната од оние што верно ти повикуваат: Спаси н?, Господи.

Светите Седмочисленици

На овој ден се празнува заедничкиот спомен на седумттемина рамноапостолни словенски светители, познати како светите Седмочисленици: свети Кирил, свети Методиј, свети Климент, свети Наум, свети Сава, свети Горазд и свети Ангелариј.

Тропар
Се присоединивте кон соборот на вселенските учители, о Кириле и Методие славни, со Климент, Наум, Сава, Горазд и Ангелариј. Славата и вистината Господова преку вас мноштво народи ја спознаа. Молете се за нас, вие кои лутавте облагодатени по пештери и земни бездни, плукани и шамарани заради името Христово, а на светот светлината Христова ја исповедавте.

Блажениот Николај

Јуродив заради Христа. Син на богати родители од Новгород. Го остави богатството и како јуродив јуреше по улиците и ги поучуваше луѓето преку јуродството. Другар во истиот подвиг му беше блажениот Теодор. Еднаш додека се бркаа пред народот, обајцата ја претрчаа реката преку вода. Блажениот Николај, заради Христа јуродив, се упокои во Господ во 1392 година.

Тропар
За Горното мудрувајќи, свето си живеел, и славата за светот избегнувајќи ја, јуродство заради Христа си избрал, блажен Николае, и сега во висините пред Пресвета Троица стоејќи, нам кои го славиме чесниот твој спомен и кои со вера кон кивотот на твоите мошти припаѓаме, подај ни исцеление и моли Го Христа Бога да се спасат нашите души!

Преподобна Антуса

После долг осаменички подвиг основа манастир со деведесет сестри. Во времето на иконоборството под Константин Копроним сите деведесет монахињи беа убиени, а потоа преподобна Антуса и самата се упокои во 759 година.

Сто педесет и тројца маченици, потопени во море во Тракија.


Football news:

<!DOCTYPE html>
Kane on Tuchel: A wonderful man, full of ideas. Thomas in person says what he thinks
Zarema about Kuziaev's 350,000 euros a year in Le Havre: Translate it into rubles - it's not that little. It is commendable that he left
Aleksandr Mostovoy on Wendel: Two months of walking around in the middle of nowhere and then coming back and dragging the team - that's top level
Sheffield United have bought Euro U21 champion Archer from Aston Villa for £18.5million
Alexander Medvedev on SKA: Without Gazprom, there would be no Zenit titles. There is a winning wave in the city. The next victory in the Gagarin Cup will be in the spring
Smolnikov ended his career at the age of 35. He became the Russian champion three times with Zenit

21:12 24 АНАЛИЗА - Ќе се стави ли крај на загадувањето и што се презема за заштита на здравјето на луѓето? | 24 Вести
21:00 Шукова: Итно да се формираат здруженија за забранетиот отпад во депониите | Слободен Печат
20:45 Ракометарите на Еурофарм Пелистер поразени и од Келце во ЛШ
20:42 Костадиновска-Стојчевска и Лорд Пич: Културата е цврст темел на трајното пријателство во македонско-британските односи
20:27 СЕ ПРОДАВА „ЅВЕРОТ“ КОЈ ГО ВОЗЕШЕ ЛИЧНО ТАА – кога ќе видите чиј автомобил може да биде ваш нема да ви биде добро, одвојте пари веднаш! (ВИДЕО)
20:22 Шукова: Ќе има казни доколку компаниите не формираат здруженија за управување со индустриски отпад | Либертас
20:17 Македонија на 67-то место на најновата листа на Индексот за владеење на правото
19:37 ОГРОМНА СУМА НА ПАРИ, А ЗА ОВОЈ ЗНАК ГОЛЕМ ПРЕСВРТ – еве што им носи на овие четири хороскопски знаци затемнувањето на месечината на 28 октомври
19:36 Шукова за ТВ 24: Ниеден град не го решил загадувањето преку ноќ, но работиме | 24 Вести
19:36 Јовановска за ТВ 24: Обврска ни е да се справиме и со отпадот од производителите | 24 Вести
19:34 (ФОТО) 30.000 денари награда за 76-годишниот Минче кој беше нападнат од мечка
19:30 Тодоров: Штета е што КАТО системот престанал да функционира наместо да се надоградува
19:13 Четири натпревари суспензија за Декози, Работнички два, МЗТ Скопје еден натпревар дома без публика
19:12 Маричиќ – Хан: ЕУ работи на создавање погодна средина за нејзино проширување до 2030 година
19:10 ПРОСЛАВА ВО ДОМОТ НА АНА БЕКУТА – пејачката со посвета кон својата внука која денес ги направи горди сите, таа е вистинска бомба (ФОТО)
18:47 Псоријазата кај децата не е ретка појава – обрнете внимание на симптомите
18:35 НИ ДОАЃА СВЕТА ПЕТКА – еве што треба да направат таа вечер девојките за да го сонуваат идниот сопруг!
18:29 Заборавете на дождот: Следува нов температурен шок
18:18 Томовски: Владата нека намали со криминалот, така ќе има пари за повисоки пензии
18:13 Ласовска: Главни виновници за ниските пензии и тешкиот живот на пензионерите се СДС и ДУИ, пред 7 години им ветуваа „Живот за сите“, но денес нема живот за никој
18:11 Кадиевска-Војновиќ: Пари за пензии ќе има само треба да се прекине со јавни набавки во четири очи
18:10 Израел се согласи да ја одложи инвазијата во Газа
18:06 Ласовска: Главни виновници за ниските пензии и тешкиот живот на пензионерите се СДС и ДУИ
18:02 ЗАБОРАВЕТЕ НА ДОЖДОТ: Ни доаѓа нов температурен шок и време кое е далеку од најавување на есента – особено овој ден од викендот испланирајте си го!
18:00 Есенски оброк, вкусна крем супа од карфиол
17:49 Кадиевска-Војновиќ: Пари за пензии ќе има само треба да се прекине со јавни набавки во четири очи и да се намали расипничко трошење на Владата
17:28 Томовски: Доколку владата сака да им ги исполни барањата на пензионерите и да им ги покачи пензиите постои начин, нека намали со криминалот
17:07 ЛАНИ ФРЛИ 100 ИЛЈАДИ ЕВРА ЗА НОВИОТ ИЗГЛЕД – а еве како некогаш изгледала Стоја, се појави видео старо 17 години, пејачката тенка како прачка (ВИДЕО)
16:57 Тен Хаг: Онана покажа карактер, знае дека досега не беше на своето ниво и можеше да игра подобро
16:57 На Евертон му се заканува одземање на 12 бода?!
16:54 Никола Тодоров: Страшно е тоа што се зборува дека се случило на Клиниката
16:54 Клуб од Дубаи влегува во Евролигата и АБА
16:48 Халеп ја обжали четиригодишната суспензија од тенисот
16:46 Работнички ја доби Куп драмата со Шкендија
16:43 Стјуардеса открива во кои денови треба да купите авионски билет за да заштедите пари
16:34 Бектеши: Мерките за ограничување на цените на производите даваат одличен резултат
16:33 Германска компанија претстави лек против рак: Туморот престанал да расте кај сите пациенти
16:26 Поранешен британски полицаец осуден на доживотен затвор за повеќе од 100 сексуални злосторства врз деца
16:22 Зеленски: Украина ќе возврати ако Русија ја нападне енергетската инфраструктура
16:20 Вовед во Ноќта на вештерките: 7.000 осветлени тикви на фестивал во Њујорк (ФОТО)
16:19 Апелацискиот суд Гостивар и годинава работи со помалку судии и помошен персонал
16:16 Пукањето во “Ист гејт”во полиција пријавено околу половина час пред да се појави во медиумите
16:00 Есенски самит на ЕУ утре и задутре – фокус на Блискиот исток и Украина
15:59 Ристески: Ќе се одржи Фестивал на костенот во Македонски Брод
15:54 Јенс Столтенберг вели дека нема „ништо неетичко“ во одбранбената индустрија
15:29 ПУКАЊЕТО ВО СКОПЈЕ НАДАЛЕКУ СЕ СЛУШНА – српските медиуми два дена пишуваат за драмата во главниот град, дури открија и нов детаљ непознат за јавноста! (ФОТО)
15:29 Кире Лазаров го објави списокот на ракометари за мечот со Грција (ФОТО)
15:20 Не паметам никогаш толку убиства и насилен криминал, а Спасовски ќе не убедува имало најниска стапка на криминал
14:53 Хамнеи: „САД управуваат со израелските напади врз Појасот Газа“
14:51 Адел откри дека била на работ на алкохолизам: Не пијам три месеци, но ми недостасува
14:50 „Ист гејт мол“: Безбедноста на вработените и на посетителите е наш врвен приоритет
14:34 На распит пред Анкетната комисија за онкологија актуелни и поранешни заменици-министри за здравство
14:15 Отворен Дневен центар за лица со попреченост во Чашка, ќе има 12 корисници
14:12 Османи на дискусија за поддршка на бранителите на демократијата од Авганистан: Македонија покажа одговорност кога тоа беше најпотребно
13:45 Спасовски: МВР успешно и квалитетно ја реализираше хуманитарната мисија за прифаќање на граѓаните од Авганистан
13:04 Уапсена жената што ја нападна Елена Ристеска, се огласи и обвинителството
12:49 Агелер во посета на Врховниот суд: Судството не смее да биде под притисок на политиката
12:29 Убиството на Дугина и тајната војна на украинските шпиони против Русија
11:11 Ковачевски: Ќе имаме редовни избори, датумот ќе мора да биде договорен со сите политички партии во Собранието
10:34 Бислимоски: До понеделник или вторник ќе ја донесеме одлуката за цената на парното
10:19 „Kриминалци и убијци се бараат преку социјални мрежи“ – Чулев го критикува МВР оти пукачот од „Ист гејт“ уште не е фатен
10:16 Маричиќ-Вархеји: Северна Македонија има место во ЕУ, сега е момент за забрзување на пристапниот процес
9:31 Се зголемуваат цените, но растат и платите, инфлацијата се намалува, но предизвиците остануваат, порачува Бесими
10:48 Домашна пита со праз затру цело семејство – 47 годишна жена почина, ланата чувале дома за глувци
10:30 Израел ја стави Газа под целосна опсада – нема да има струја, гориво и храна
11:23 Притвор за мајка осомничена за предизвикување пожар со цел да се прикрие свирепо убиство сторено од синот
11:22 Симечка: Ќе направиме сѐ Фицо да не формира влада
11:22 Симецка: Ќе направиме сѐ Фицо да не формира влада
11:22 Вучиќ најави докази за настаните во Бањска „во следните 24 часа“ | Р.С.Европа
11:21 Македонското друштво “Илинден“-Тирана бара од властите на Република Албанија да го прогласат бугарскиот државјанин Виктор Стојанов за персона нон грата
11:13 Нов протест за скандалот на онкологија, утре во 18 часот пред Владата
11:10 Говорот на омраза е храна за политичка некултура и за екстремна поларизација | CivilMedia
11:10 Утре започнува исплатата на пензиите, зголемени се за 5,3%
11:02 Детали за апсењето на Србинот во Јариње оти тргнал на погреб кај убиен во Бањска
10:59 Османи: Загижен за трупањето на војска на границата помеѓу Србија и Косово, разговарав со Дачиќ, за поздравување е одлуката за повлекување на војската
10:57 Демостат тврди: Вучиќ иде на средба со Путин
10:30 Бабовски: Трипуновски повторно ја заплашува јавноста, двете пратки пробиотски јогурт се вратени во Србија
10:26 Отворена изложбата „Лица на револуцијата“ на необјавени портрети од македонски револуционери | Макфакс
10:24 Ова се најновите детали за убиството во Хром: Мајката на убиецот сакала да ги скрие трагите од убиството, еве како
10:12 Бабовски: Двете пратки пробиотски јогурт се вратени во Србија
10:03 Новото видео обраќање на Александар Вучиќ повторно ја разбранува јавноста
10:02 Бабовски: Трипуновски ја манипулира и заплашува јавноста, јогуртот е вратен во Србија | Канал5
9:58 Скопјанка предизвика пожар за да го прикрие свирепо убиство сторено од синот
9:56 Најмалку шестмина загинати во пожар во преполн ноќен клуб во Шпанија (ВИДЕО)
9:52 Вучиќ принципите на меѓународната заедница за настаните на Косово повторно ги спореди со Северна Македонија | Локално
9:42 Гестот на Филип Живојиновиќ ја расплака Александра Пријовиќ кога се симнала од бина по концертот! (ВИДЕО)
9:34 (ВИДЕО) Пожар избувна во клуб во Шпанија, најмалку шестмина загинати
9:28 Кениска доминација на Скопскиот маратон, Киплагат и Матебо најбрзи | А1 On
9:26 Касами: Нема да гласаме за уставните измени додека формулацијата „20 отсто“ не се замени со „албански јазик“ | 360 степени
9:22 Спасовски: МВР за граѓаните- Транспарентно и отчетно | Канал5
9:20 ЦУК: Во последното деноноќие имаше 39 пожари, од кои активни се шест
9:20 Град Скопје распиша конкурс за директор на МКЦ
9:18 Над 11 илјади натпреварувачи од 53 држави денеска го трчаат скопскиот маратон
9:07 Цеца ја „стисна“ Маја Беровиќ за половината, па замешаа на познатиот хит на Пријовиќ: „Јас сум одлично“ (ВИДЕО)
9:00 ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО: Снајперитст го застрела еден од вооружените Срби на Косово
8:55 ВИДЕО: Александра Пријовиќ на концерт во моден избор од над 5.000 евра
8:52 Времето денеска сончево и топло
8:45 Велика Британија најави можност за испраќање војници во Украина за прв пат од почетокот на војната
8:44 Маж и жена осомничени за убиството и пожарот во Хром: Жената уапсена, полицијата трага по мажот
8:41 ВМРО-ДПМНЕ: Токсично млеко и јогурт завршиле во маркетите, а АХВ спие