ВМРО-ДПМНЕ обвини дека СДСМ е партија чиј претседател кажа дека македонскиот и бугарскиот народ се ист народ, трајно ги нагриза нашите позиции и го загрози идентитетот.
„СДС се партијата која даде легитимитет на бугаризацијата. Заев, од позиција на премиер, долгорочно ги оштети македонските позиции. Од изјавите на Заев беа фрапирани и до бескрајна радост донесени и најголемите бугарски шовинисти. Од изјавите на Заев почна целата негација на Македонија, за истата да кулминира со отворањето на клубови со фашистички имиња во Македонија со дезертерот Ковачевски“, велат од партијата.
Од партијата порачаа дека премиерот Ковачевски не направил ништо за да спречи отворање на клубови со фашистички имиња во Македонија.
„ВМРО-ДПМНЕ нема да толерира повеќе СДС кои се власт да одобруваат никулци на фашизам, и затоа пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ ќе поднесе законски предлог измени со кои идно формирање и регистрирање на здруженија со имиња со фашистичка позадина, но и ќе се реагира на постоечките здруженија“, се вели во реакцијата.