Во годишниот извештај се проценуваат земјите во распон од разновидноста на оружје до расположливите трупи до географската локација и финансиската моќ, за да се одреди кои нации доминираат во светот според воената сила.
При проценката се користат над 50 фактори.
Први на ранг-листата се Соединетите Американски Држави, следат Русија, Кина и Индија, а во првите 10 се и Јапонија, Јужна Кореја, Франција, Британија, Пакистан и Бразил.
Турција и Иран се позиционирани на 13-тото односно 14-тото место.
Во регионот најголема воена моќ има Србија – се наоѓа на 61-то место. Оценето е дека има тенденција на раст на воената моќ.
Веднаш зад Србија е Хрватска на 62 место, а Бугарија е на 67 место. Црна Гора е на 132 место, Македонија на 135, а војската на Албанија е на 115. Косово е на самото дно, односно на 140 место од 142 држави.