Macedonia
This article was added by the user . TheWorldNews is not responsible for the content of the platform.

Ако мажот ги прави и ги кажува овие работи, тоа е знак дека повеќе не те сака

Болно е чувството кога ќе сфатиме дека личноста со која сме долго време во врска или брак повеќе не не сака. За љубовта се напишани безброј книги.Денеска се пишуваат,а ќе се пишуваат и во иднина,но некако секогаш немо се поминува другата страна. Рускиот психолог Ана Кирјанова има напишано неколку дела кои се фокусираат на машко-женските односи.Во нив таа се занимава со главните причини за несреќните врски во кои се наоѓаат некои парови.Психологот тврди дека има сигнали кои покажуваат дека вашиот маж повеќе не ве сака како порано.

Тој не ве забележува вас и вашиот труд и работа

Не те сака ако не те прегрне спонтано, не зборува со тебе за ситници, не те повика да види како си среде работен ден.

Понатаму, тој не те сака ако не можете да сметате на неговата помош. Кога треба да се грижиш за него како да е петгодишно дете, а не возрасен маж.

Не те сака ако те исмева. Тоа е и предупредувачки знак кога ќе ви каже дека јадете многу или дека не може да ја јаде вашата храна затоа што не е како што навикнал.

Не те сака ако постојано се меша во тоа што го правиш, своите одлуки ти ги претставува како твои,ако ти каже дека зборуваш глупости,дека не мислиш со своја глава, дека си глупава ако размислуваш така.

Не те сака ако ти каже „тоа си виновна“ и ако не одобрува ништо што правиш или кажуваш. Знак за предупредување е ако за секое „те сакам“ треба да го молите да го каже.Ако вашиот партнер не ве сака,со текот на времето можете да станете грди,плашливи и несмасни бидејќи поради тоа на жената и недостасува љубов,открил психологот.