logo logo logo logo logo logo logo logo logo logo logo logo logo logo logo logo logo logo logo logo logo logo logo logo logo logo logo logo logo logo logo logo logo logo logo logo logo logo logo logo logo logo logo logo logo logo logo logo logo logo logo logo logo logo logo logo logo logo logo
star Bookmark: Tag Tag Tag Tag Tag
Macedonia

Анализа: Ниту една партија не сака да ја прокоцка шансата за Европа | Алсат-М

Дали оценката за претстојните предвремени парламентарни избори на 12 април ќе влијаат врз евентуалната одлука за добивање на датум за отпочнување на прегоорите со ЕУ, што Македонија ја очекува на пролетниот Самит во Загреб. Соговорниците на Аласт ТВ велат дека партиите како главни актери треба да се свесни за фазата во која се наоѓа државата и затоа не треба да дозволат нерегуларни избори бидејќи може да влијаат врз одлуката на членките на ЕУ. Посочуваат дека поради ниското ниво на политичка култура треба да потпишат Меморандум за соработка од кој ќе произлезат сигурни регуларни избори.

„Со ваквата реторика која сега ја употребуваат политичките актери не се дава надеж дека ќе имаме избори какви што ние посакуваме. Затоа мислам дека сега кога сме уште во рана фаза, партиите треба да размислат за потпишување на Меморандум за соработка со кој ќе се обврзат да спроведат фер и демократски избори. Имаме капацитет за да организираме фер избори. Изборите ги набљудуваат ОБСЕ/ОДИХР и за нас е битна нивната оценка бидејќи ќе биде посочена во извештајот на Европската комисија за напредокот на Македонија. Не треба да ја испуштиме шансата бидејќи имаме капацитетит, но треба да имаме и волја“, изјави Субхи Јакупи.

Според Љуљзим Хазири во пресрет на евенталното добивање на датум партиите како малку да се „освестени“ и гледа малку покоректна реторика. Нашите партии, кампањите ги почнуваат веднаш кога дознаат дека ќе има избори, а не од датумот за започнување на изборната кампања и веќе се се знае. Сепак, тој е уверен дека ниту една партија не би со дозволила да ги прокоцка шансите за ЕУ.

“Мислам дека таквиот начин не им оди во прилог на ниту една политичка партија, не верувам дека ниту опозицијата има такви намери со таков начин да влијае врз тој процес. Мислам дека тој процес веќе е започнат и треба да има свој офицајален почеток оваа година. Ако го нема оваа година мислам дека Македонија пак треба да биде посвесна дека се ноаѓа во геостратегиска положба каде што треба да се има трпение над се. Се на се, треба да се даде едно светло на тулнелот дека оваа земја на крај ќе треба да порасне кон нормализирање“, изјави Љуљзим Хазири, Асоцијација за демократска иницијатива.

Во пресрет на изборите повеќе европски амбасадори во земјава порачаа дека освен реформи, закон за јавнот обвинителство, за евентуално добивање на датум за почеток на преговорите со Унијата потребни се и фер и демократски избори.

Весна Велкова

Themes
ICO