Macedonia
This article was added by the user . TheWorldNews is not responsible for the content of the platform.

Анчелоти: 30 години сум тренер и само двајца играчи ми побарале да не играат...

Мундијалот во Катар почнува за месец дена, па новинарите го запрашаа Карло Анчелоти каква е ситуацијата со заморот во редовите на Реал Мадрид и дали има играчи кои ќе бараат одмор во пресрет на Светското првенство.

„Мислам дека тоа нема да се случи, познавајќи ги фудбалерите, тие сакат да играат но мораме да обрнеме внимание на заморот, играме секој три дена. Од мое искуство, играчите не се искрени, велат дека се е во ред, но тоа што лажат знае да им се удри од глава и да се повредат, па преферирам играчите да бидат искрени и да ми кажат дека им е потребен одмор“ – вели Италијанецот.

„30 години сум тренер и само двајца ми го имаат кажано ова, Пепе во финале од Лигата на шампиони и Кларенс Сидорф во натпревар од првенството“.