Macedonia
This article was added by the user . TheWorldNews is not responsible for the content of the platform.

Андоновска до Арсовска:Честито коалиција со ДУИ

Марија Андоновска, советник од ВМРО-ДПМНЕ во Град Скопје на денешната седница на Град Скопје потенцираше дека од градоначалничката Данела Арсовска не добиле ниту еден одговор на поставените советнички прашања.

-За жал не добивме ниту еден одговор на поставените советнички прашања, тие советнички прашање не ги прашуваме за нас лично, тие советнички прашање ги поставуваме за оние кај што чукавме по врати, сега тие доаѓаат прашуваат и ние мора да им одговориме. Што да им одговорам, дека сте имале попаметна работа, сте менувале во канцеларијата на генералниот секретар ролетни, тоа да им го кажам па не сте имале време да одговорите, тие работи ви се поважни, камери сте ределе, врати сте ставале нови, ама не сте имале да одговорите. Ве молам претседателе да ги добиеме  одговорите на нашите советнички прашања бидејќи ние сме должни да им одговориме на граѓаните, рече Андоновска,
 
Таа во текот на своето обраќање ја честиташе новата коалиција помеѓу градоначалничката Арсовска и  ДУИ и воедно укажа дека ако ова се случило пред изборите граѓаните немало да и ја дадат поддршката на Арсовска. Андовска исто така побара од Арсовска ако тоа е исправно да си даде оставка и да излезе на избори со овие коалициони партнери.

-Воедно сакам да ја честитам  еве вака јавно новата коалиција помеѓу градоначалничката  и ДУИ, сигурна сум дека ако ова се случеше пред изборите, граѓаните немаше да дадат поддршка. Ако вие сметате дека ова е исправно, повелете тука дајте си оставка и излезете на избори со овие коалициони партнери, кажа советничката.

-Ние ја поддржавме програмата „За модерно Скопје, денеска на оваа седница со 16 точки нема ниту една точка од таа програма за која што ја поддржаа и граѓаните и ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата, за жал, додаде Андоновска.