Macedonia
This article was added by the user . TheWorldNews is not responsible for the content of the platform.

Барди: Се надевам дека напаѓачите ќе проработат токму против Бугарија

Барди се надева дека македонските напаѓачи утре ќе имаат свој ден, но вели дека тие се нови, млади и треба да се има трпение со нив.

„По тој пораз со таква игра, беше тешко. Фудбалот се игра на резултат, не е добро кога ќе загубиш, ама одиме напред. Имаме уште една шанса, да покажеме дека тој резултат во Грузија не беше вистинска слика и со три бода можеме да извадиме позитивен момент“, вели Барди. 

„Сметам дека сите сме нови тука, потребно е време да се запознаеме со дел од тимот. Како што гледам, сите даваат голови за клубовите, а тука или не ни оди или не не сака топката. Мора да сме трпеливи, ќе дојде нашиот момент. Ја знаеме сопствената цел, тоа е Европското првенство. Мора да чекаме, потребно им е време да се адаптираат на младите. Ние постарите имаме искуство, а останатите се под мала тензија. Потребна е поддршка, сметам дека сме добра генерација и ќе направиме големи работи“.