Macedonia
This article was added by the user . TheWorldNews is not responsible for the content of the platform.

Битиќи: Единствениот пат на С Македонија е кон ЕУ и добро е сите партии порано да се освестат и да разберат дека со уставните измени не ја губиме битката

Северна Македонија нема план Б. Единствениот пат е интеграција во Европската Унија. Сметам дека е подобро порано, отколку покасно, сите чинители овде, сите политички партии, да се освестат и да разберат дека евентуално техничка измена во Уставот не мора да значи дека ја губиме битката кон одредени наши соседи, вели во интервју за Гласот на Америка, вицепремиерот Фатмир Битиќи.

Во однос на можноста за предвремени избори, Битиќи е дециден дека за да се оди на предвремни избори тие што учествуваат во евентуалните предвремени избори мора да имаат јасен план.

-За нас како владејачка партија и како една од најголемите партии во државата, планот е јасен, а тоа е дека европските интеграции немаат замена. Сите други кои сакаат предвремени избори треба да кажат дали ЕУ е императив за нив и дали евентуално имаат план Б. Но тој план мора да биде јасен и обзнанен пред да се оди на избори. Инаку изборите нема да имаат никаква логика, вели Битиќи за Гласот на Америка.

Тој нагласува дека нашите стратешки партнери во САД не поддржуваат на патот кон ЕУ.

„ММФ, Светска банка и Стеј Департменот не поддржуваат во нашите напори на патот кон европските интеграци. Сите тие се со иста констатација, а тоа е дека Северна Македонија го заслужува местото во Европската Унија, не денес, туку од многу порано и дека патот и напорите кои нашата држава ги има превземено овде, се гледаат како голем исчекор наспроти другите држави на Западен Балкан“, додава Битиќи.