Macedonia
This article was added by the user . TheWorldNews is not responsible for the content of the platform.

Британски медиум: Тажно е што Ѓоковиќ на 36 години е сè уште најдобар на теренот

Новак Ѓоковиќ со години владее со светскиот тенис, Србинот ги руши рекордите, а и покрај тоа што има 36 години, и натаму е најдобриот тенисер на планетата.

Генерациите се менуваат, играчите доаѓаат и си заминуваат, но Ѓоковиќ е секогаш таму каде што му е местото – меѓу најдобрите! На оваа тема се занимаваше и британскиот медиум „Дејли Мејл“ во текст со наслов „Тажно е што Ѓоковиќ на 36 години е сè уште најдобар на теренот, сега е време неговите ривали од првите 10 во светот да направат исчекор“.

Британските новинари успеаја да го навредат Ѓоковиќ дури и во текстот во кој го пофалија, а нивните зборови ја шокираа и ја разбрануваа целата планета.

Главниот мотив на овој текст беше критиката за конкуренцијата во врвот на светскиот тенис, па за новинарите на „Дејли Мејл“ беше несфатливо дека Ѓоковиќ доминира и покрај тоа што е во доцните играчки години. Се осврнаа и на распоредот на Новак кој им „боде очи“.

Како може да помогне на АТП турнејата да ја максимизира заработката од ТВ правата и спонзорствата ако како број 1 ретко учествува на турнири. Тој во целата сезона досега одигра само шест турнири надвор од Гренд Слемовите – се наведува во текстот, па се зборува и за совети за симнување на Ѓоковиќ од тронот:

– Веројатно е потребно постепено да се распука неговата аура за да дојде до крај на доминацијата. Или серијата повреди на некој што се приближува до средната возраст. А можеби и олимпиското злато, единствениот успех што му побегнал на Ѓоковиќ во текот на неговата кариера, би помогнал неговиот ненаситен апетит да избледи – пишува изворот.