Macedonia
This article was added by the user . TheWorldNews is not responsible for the content of the platform.

Чекалната наречена Македонија

28 септември 2023

  • Во центарот на Скопје е поставена „Чекална“ во која секој граѓанин може да седне на столче и да „чека“ на борба против корупцијата, повисоки плати, ефикасно судство, нови учебници за 3-то и 6-то одделение...
  • Станува збор за креативно-активистичка акција на програмата за уметнички и креативен активизам на Центарот за современи уметности од Скопје во чест на македонските граѓани кои 30 години чекаат да се случи нешто и работите да тргнат на подобро.
  • Меѓу работите кои можат да се чекаат во „Чекалната“ е и влезот во ЕУ, чистиот воздух, автопатот Кичево-Охрид, подобро здравство, запирање на градбите на мали хидроцентрали, рамни шахти, пруга кон Бугарија, нов клинички центар во Штип. „Секој може да си почека за она што најмногу му треба и она што му е најважно“, велат од Центарот.

28 септември 2023

  • „Ќе ви покажам како изгледа лицемерието кога некој ви држи лекции за европските вредности. Да ве потсетам што се случи пред 8 години во Куманово, кога албански терористи, вистински терористи, ја нападнаа меѓународно признатната суверена држава Македонија, земја членка на ОН. Осум македонски полицајци беа убиени. Што се случи? Тогаш ниту Рама, ниту некој од ЕУ не држеа предавања”, рече Вучиќ  во интервју за РТС, покажувајќи  слики од „државниот погреб во Приштина” во 2015 година.
  • „Правеа комеморација за сите Албанци убиени во Куманово. Цела сала, сите организирани. И никому ништо“, потсети Вучиќ покажувајќи слика и од споменикот на Бег Ризај.
  • Бег Ризај, алијас Командант Бегу, беше меѓу убиените во Куманово. Иако загина во оружен напад на друга држава, во Дечани на Косово му изградија споменик, пишуваше Призма пред две години.
  • На семејствата на загинатите и уапсените битанги кои вооружени упаднаа во Македонија, владата на Рамуш Харадинај им исплати по 10.000 евра.