Macedonia
This article was added by the user . TheWorldNews is not responsible for the content of the platform.

Чурлинов оди во Белгија за четири милиони евра: Македонецот се договори со Андерлехт!

Македонскиот репрезентативец Дарко Чурлинов си заминува од Штутгарт откако ги договорил личните услови со белгискиот великан Андерлехт, објави „Скај Германија“.

Според информациите на германски „Скај“, Андерлехт се очекува да плати помеѓу четири и пет милиони евра за трансферот на македонското крило, а белгијците во последните два дена влегоа во трка за потписот. Чурлинов има договор со белгијците за петгодишна соработка до летото 2027 година.

Андерлехт е на чекор за 15 милиони евра да го продаде левиот бек Серхио Гомез, според последните најави од Англија, па дел од парите ќе ги искористат за да го ангажираат Чурлинов. Сега останува Белгијците и „швабите“ да постигнат договор за трансферот.

Чурлинов со Штутгарт има договор до 2024 година, а имаше одлична пред-сезона, даде и гол за победа во Купот на Германија. За него заинтересиран беше и англиски Барнли, но понудата од три милиони евра беше неприфатлива за бундеслигашот.

Чурлинов е поранешен фудбалер на Келн од каде дојде во Штутгарт, а во минатата сезона играше на заем во Шалке 04.