Macedonia
This article was added by the user . TheWorldNews is not responsible for the content of the platform.

Д-р Петличковски: Мајмунските сипаници нема да предизвикаат проблем како короната

Во врска со мајмунските сипаници, д-р Александар Петличковски во вечерашното гостување во емисијата „Жешко политичко столче“, на Канал 5 ТВ, кажа дека досега кај нас не е регистриран ниту еден случај и не очекува оваа болест да стане проблем како што е короната.

Посочи дека во земјава има тестови за мајмунски сипаници. Веќе е достапна и вакцина, авторизирана од ЕМА, но масовна вакцинација не се планира.

– Проширувањето не оди така брзо како што на почетокот се плашевме, веројатно изгорени од короната. Се одвива пренесување во одредени групи. Вакцините во цел свет се препорачуваат за тие ризичните групи, со ризични контакти. Не се предвидува во моментов никаде масовна имунизација, рече претседателот на Комисијата за заразни болести.