Macedonia
This article was added by the user . TheWorldNews is not responsible for the content of the platform.

Детали за фаталната љубов на Пакистанецот и Гркинката која заврши со убиство, убиецот фатен во Македонија

Грозоморно убиство ја потресе Грција пред неколку дена – тинејџерка (17) беше убиена од страна на своето момче, 21-годишен Пакистанец кој потоа побегна.

Уапсен е 21-годишниот маж кој наводно ја убил 17-годишната девојка Николета во Перистери, во понеделникот вечер, јавија грчките медиуми повикувајќи се на објавата на грчкиот министер за јавен ред Такис ​​Теодорикакос, кој соопшти дека 21-годишниот Пакистанец кој ја уби 17-годишната Николета од Перистери сега е во рацете на полицијата.

-Тој сега е во рацете на грчката полиција, која го сомниче дека е извршител на убиството на седумнаесетгодишната Николета во Атина и ќе биде изведен пред надлежното обвинителство, објави министерот Теодорикакос.

Според информациите на newsit.gr, тој ја напуштил Атика како и Грција и заминал во Северна Македонија со намера да продолжи кон земјите од Централна Европа. Украдениот телефон на брутално убиената 17-годишна Николета како и блиската соработка на полициските власти на Грција и Северна Македонија, доведе до апсење на 21-годишниот Пакистанец, јавуваат грчките медиуми.

За неговото бегство биле известени сите балкански власти, посебно полицијата во Северна Македонија. Како резултат на засилените контроли, вчера попладне во Северна Македонија е идентификувана група илегални имигранти, во која е констатирано дека е присутен и наводниот извршител на грозоморното убиство, по потекло од Пакистан.

Во истите информации се наведува дека со себе го имал и мобилниот телефон на 17-годишната девојка кој бил без сим-картичка.

– Според последните информации на protothema.gr, властите му влегле во трага на 22-годишниот кој побегнал од Грција преку сопствениот мобилен телефон, но и на жртвата. Поточно, сигналот од неговиот мобилен телефон покажал дека се движел кон Северна Грција, додека грчката полиција имала информација дека младиот човек ќе се обиде да ја напушти државата и затоа е распишана меѓународна потерница. Кога преминал во Северна Македонија, 22-годишникот го отворил смартфонот на жртвата кој немал сим-картичка. Сепак, властите успеале да го лоцираат сигналот преку конкретни мобилни апликации кои имале пристап до локацијата на уредот, објавија грчките медиуми.

Неговиот мобилен телефон за последен пат дал сигнал во петокот во Солун и со тоа ги мобилизираше тамошните власти, но изгледа го оставил во Солун. Осомничениот Пакистанец исчезна од денот на убиството на 17-годишната девојка од нејзината куќа во Перистери, а со неа бил во љубовна врска.

Според форензичкиот извештај смртта кај девојката настанала со задушување, а пред тоа имала тепачка со сторителот која завршила кобно за девојката бидејќи насилникот со раце и ги покрил устата и носот и ја задушил. Младата дама 7 минути се борела со својот убиец, за да се одржи во живот, пишуваат грчките медиуми.

Од вадењето на податоците од мобилниот телефон на 17-годишната Николета, произлегува дека малолетничката во последните денови и на денот на убиството добивала низа пораки од 21-годишниот Пакистанец.

Малолетничката сакала да ја прекине врската, па дури и побарала да и ги врати клучевите од куќата. Тој не го прифатил тоа и се чини дека станал многу агресивен кон неа што на крајот доведе до убиство на девојката која имала трауматично детство, со оглед на тоа што на 11-годишна возраст заедно со својот помал брат биле силувани од тројца мажи кои потоа се осудени за случајот.