Macedonia
This article was added by the user . TheWorldNews is not responsible for the content of the platform.

Димитров: Би застанал зад една преродбеничка сила

Во оваа длабока криза на немање доверба во системот, на безнадежност, на немање избор, нацијата има огромна потреба од нова општествена сила што ќе се бори против партизацијата и што ќе ги турка партиите таму каде што им е местото, вели Димитров.

„Мора да најдеме сили и енергија да се здружиме околу визија и принципи, како противтежа на оваа ‘дуќан’ политика, ова здружување низ призмата за вработување, пари, услуги или привилегии. Во македонскиот црно-бел политички свет, никогаш или ретко се зборува за решенија, а пречесто политиката е сведена на обични меѓусебни навреди и етикети“, вели тој.

Како што истакнува Димитров, би застанал зад една преродбеничка сила, без разлика дали тоа ќе биде преку директен личен ангажман или како поддршка. Како народ и генерација граѓанство, додава тој, мора да се соочиме со фактот дека во 31 година независност главно одиме назад.