Macedonia
This article was added by the user . TheWorldNews is not responsible for the content of the platform.

Додик: Победив и покрај мешањето на Западот

„Моето вкупно водство, според резултатите на изборите, е 30.000 гласа, односно околу 5 или 6 отсто. Во моменталните околности, тоа е многу значаен резултат кој не може да се доведе во прашање со каква било постапка на опозициските партии, кои западните амбасади го поттикнаа да предизвикаат нестабилност“, кажа Додик.

Додаде дека ситуацијата по изборите е „мирна и стабилна“, дека се разгледува формирање нова влада и дека веќе се одржуваат првите состаноци.

Опозициските ПДП и СДС кои тврдат дека изборите одржани во неделата се украдени за 80.000 до 100.000 гласа, најавија дека ќе бараат повторно броење на гласовите во одделни гласачки места и ги повикаа граѓаните на протест утре во Бања Лука.

Кандидатката на ПДП и СДС за претседател на РС Јелена Тривиќ кажа дека нема да се откаже и дека ќе истрае на почитувањето на волјата на народот, кој, како што кажа, е украден.

Според последните прелиминарни податоци на Централната изборна комисија, Додик освои 281.369 гласа или 48,30 отсто, додека неговата противкандидатка Јелена Тривиќ освои 252.603 гласа или 43,36 отсто.