Во вториот дел од документарниот филм „Интернет насилство – Бака прасе“, гледачите на Пинк телевизија имаа можност да ја слушнат исповедта на младите јутјуберки Анџела и Наџа Ѓорѓевиќ, како и нивниот татко Зоран, кои беа жртви на Богдан Илиќ.
Директорот на српски Телеграф, Саша Миловановиќ, зборувајќи за овој филм, вели дека видел две млади и убави девојки кои преживеале тортура, таква тортура што морале да избегаат од земјата.
-Под насилството што го емитуваше Боган Илиќ (Бака Прасе) и неговите пријатели, тие беа толку мета што не можеа да живеат во светот на интернет, ниту на улица. Како што видовме, доживеале напади и пред куќата и на улица, изјави Миловановиќ за Ново јутро ТВ Пинк.
Целиот втор дел кој излезе како производ на медиумската војна меѓу ПИНК и Бака прасе, погледнете го во продолжение: