Хратската ракометна репреентација во недела од 16.30 часот против Шпанија ќе игра во финалето на Европското првенство (ЕП) во Стокхолм.

Тоа ќе биде прво финале на Хрватска по десет години, а мечот против Шпанија го најави Домагој Дувњак, кој откри што треба да се поправи во играта.

„Искрено, се испразнивме, но денеска имаме слободен ден и можност да се подготвиме за финале. Мора да одиграме фантастично и да дадеме максимум од себе, а јас се надевам на победа. Тргнавме против Шпанија со 5-1 одбрана и успеаа да не растурат во првите минути. Потоа ја променивме одбраната во 6-0 и ни тргна, па мислам дека треба да го анализираме мечот и токму играта во дефанзива да ја поправиме“, порача Дувњак.