Macedonia
This article was added by the user . TheWorldNews is not responsible for the content of the platform.

Џафери за УСБ-то од Груевски: Тоа е невистина која служи за дневна политика

Претседателот на собранието Талат Џафери се огласи по информациите за наводно УСБ кое деновиве е тема на препукувања меѓу екс претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски и актуелниот потпретседател на партијата Александар Николовски.

Џафери ги демантираше тврдењата на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски дека екс премиерот Никола Груевски му дал УСБ и плико на него и на лидерот на ДУИ, Али Ахмети со документи, во кои наводно имало содржина за измени на Кривичниот законик.

На прашањето дали екс премиерот Груевски му доставил на Џафери и на Ахмети УСБ и плико кои се однесувале на Кривичниот законик Џафери рече:

„Никаква вистина нема дека претседателот на Собранието од екс премиерот да прими било каков материјал. Тоа е невистина која само служи само за дневна политика. Собранието добива материјали од овластени предлагачи во форма која е пропишана со Деловникот. Понатаму не би сакал да користам неоодветни зборови коишто ги заслужува таквата инсинуација, но оставам на совеста на тие што шпекулираат со јавноста“ изјави Џафери.