Macedonia
This article was added by the user . TheWorldNews is not responsible for the content of the platform.

ЕСМ за неколку дена ќе почне да го подготвува „Беласица“ за новиот топловод, се чека дозвола од Град Скопје

Од: Орце Костов

До почетокот на грејната сезона останаа уште 19 дена, а цевководот под мостот „Беласица“ кој беше опожарен во мај месец годинава, се уште не е монтиран од што зависи и цената на парното греење во Скопје.

Топловодните цевки кои носат топлинска енергија од когенеративната централа ТЕ-ТО треба да бидат поставени во следните неколку дена од страна на ЕСМ, но Град Скопје се уште не ја издал дозволата за топловодот.

– Се работи за обезбедување топлонска енергија за граѓаните на Скопје, која доминантно се добива од когенеративната централа ТЕ-ТО која ги снабдува преку топловодот кој оди под мостот „Беласица“. Веќе имаше интензивни контакти помеѓу ЕСМ и Град Скопје во однос на замената на неколку цевки. Мислам дека ЕСМ наскоро во следните неколку дена ќе започне со физичка градба на поставување на нови цевки. Тоа значи одредена подготовка на мостот, неврзана со целосната конструкција која е обврска на сопственикот на мостот, Град Скопје.

Доколку не се успее во тој процес , тогаш ќе има проблем со греењето во Скопје, кој јас сметам дека не треба да се случи. Доколку не се санираат цевките, цената на парното како што кажа директорот на РКЕ, ќе доживее цунами. Затоа што топлинската енергија од ТЕ-ТО е неколкукратно поевтина од енергијата на другите топлани кои работат на други енергенси – истакна премиерот Ковачевски одговарајќи на новинарско прашање за парното греење во Скопје и додаде дека снабдувањето со топлинска енергија не е политичко прашање туку комунално кое го решава градската администрација.