Macedonia
This article was added by the user . TheWorldNews is not responsible for the content of the platform.

ЕУФОР: Почнува распоредувањето германски војници во составот во БиХ

Од: А1он

ЕУФОР соопшти дека кон средината на овој месец почнува распоредувањето 50 германски војници како зајакнување на ЕУФОР и мрежата тимови (ЛОТ) распоредени во Босна и Херцеговина.

dobivaj vesti na viber

Со пристигнувањето на германските војници мисијата ЕУФОР ќе ја сочинуваат војници од 20 земји, а распоредувањето на германските војници ќе се одвива етапно.

„Ангажираните во ЛОТ-тимовите на ЕУФОР живеат во локални заедници и овозможуваат позитивни и важни односи со населението на локално и регионално ниво. Тие тимови даваат можност и за БиХ граѓаните да бидат во непосреден контакт со ЕУФОР, што овозможува директен дијалог меѓу ЕУФОР и граѓаните“, се вели во соопштението на ЕУФОР.

Притоа се нагласува дека овој ангажман е уште еден показател за посветеноста на ЕУ за стабилна, просперитетна и европска иднина за сите граѓани на Босна и Херцеговина.

Германскиот Бундестаг минатиот месец одобри испраќање 50 војници во мисијата ЕУФОР во Босна и Херцеговина.

„Предвидените задачи на војниците би вклучувале поддршка и координација на обуката на вооружените сили на Босна и Херцеговина, помагање за создавање безбедна средина, како и извршување командни, набљудувачки и поддржувачки задачи. Мисијата е придонес за почитување на Дејтонскиот мировен договор од 1995 година“, се наведува во одлуката усвоена од Бундестагот.

Извор: МИА