Macedonia
This article was added by the user . TheWorldNews is not responsible for the content of the platform.

Фиат се судри со мерцедес: Тројца завршија во болница

На 04.08.2022 околу 14.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека на крстосница од ул.„Борис Сарафов“ и ул.„Кузман Шапкарев“ во Скопје се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „фиат“ со косовска национална ознака, управувано од Д.Х.(33) од Република Косово и патничко возило „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Л.О.(26) од Скопје, информираат од МВР.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила сопатничката во патничкото возило „фиат“, А.Д.Х., констатирани во Градската општа болница „8 Септември“, а на возачот од другото возило Л.О. и нејзиниот малолетен сопатник во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ им биле констатирани телесни повреди. Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Скопје.