Macedonia
This article was added by the user . TheWorldNews is not responsible for the content of the platform.

ФИФА потврди дека СП ќе започне еден ден порано од предвиденото

Од: А1он

Меѓународната фудбалска федерација (ФИФА) официјално потврди дека овогодинешното Светско првенство во Катар ќе започне ден порано од предвиденото. Турнирот на 20.ноември ќе го отворат Катар и Еквадор.

dobivaj vesti na viber

Првично беше планирано Светското првенство да започне на 21. ноември, а првиот дуел да го одиграат селекциите на Холандија и Сенегал.

Промената едногласно ја изгласа Комитетот на ФИФА, кој го сочинуваат неговиот претседател Џани Инфантино и претседателите на шесте континентални фудбалски тела.

Натпреварот меѓу домаќините на турнирот и Еквадор наместо на 21.ноември ќе се игра дена претходно во 19 часот по локално време, додека натпреварот Холандија – Сенегал кој требаше да се одигра на 21. ноември во 13 часот, ќе се игра во терминот од 19 часот.