Macedonia
This article was added by the user . TheWorldNews is not responsible for the content of the platform.

Фудбалерот на Малме ја пропушти венчавката поради натпревар, го заменил неговиот брат

Од: А1он

Новиот напаѓач на фудбалскиот клуб Малме, Мохамед Буја Туреј, ја пропушти сопствената венчавка за да дебитира за шведскиот клуб во квалификацискиот натпревар за Лига Европа против Диделанг, објавија шведските медиуми.

dobivaj vesti na viber

Тој откри дека на свадбата го претставувал неговиот брат и дека церемонијата се одржала без него.

“Мојот брат ме застапуваше на венчавката. Се венчавме на 21 јули во Сиера Леоне. Но, јас не бев таму, бидејќи Малме ме замоли да дојдам порано”, рекол Тури, а пренесуваат шведските медиуми.

🌟🐐🦁🇸🇱 I married my sweetheart, wife and my Best friend today!!! What an amazing human being!!! And What a blessing!!! Mrs SBT💞💍 Suad Baydoun

I can’t wait to enjoy life with you together soboti 😃🤦🏾‍♂️. pic.twitter.com/nEw4siV0QF

— Mohamed Buya Turay 🇸🇱 (@turay_buya) July 31, 2022

Фудбалерот на Сиера Леоне на социјалните мрежи објави слики од венчавката, и објасни дека се направени порано.

“Претходно се сликавме. Па изгледа јас бев таму, но не бев. На самата свадба ме замени брат ми, додека жена ми ќе живее тука со мене. Кога е во прашање меден месец, прво треба да станеме шампиони“, рече тој.

Мохамед Буја Туреј летово од кинески Хенан пристигна во Малме, а на натпреварот против Диделанж на теренот влезе од клупата и одигра десет минути.