Macedonia
This article was added by the user . TheWorldNews is not responsible for the content of the platform.

Георгиевски: Нов модел за субвенционирање на земјоделците

„Предложено е зголемување на поддршката за сточарството преку систем во кој ќе се намалат појавите на можни злоупотреби и дополнително исплатата за предадено млеко да се исплаќаат побрзо, месец за месец.

Новиот модел покрај субвенциите опфаќа забрзан развој преку инвестиции кои се предмет на поддршка преку Програмата за рурален развој. Конкретно, ќе се промовира концептот ‘деловен план’, насочен за поддршка на малите производители и на регистрираните земјоделци. Покрај мерките за млад земјоделец, и рурална жена, се предвидува нова мерка за поддршка на бизнис план до 10.000 евра, каде се планира поддршка на помалите фармери чија основна дејност е земјоделството, за инвестиции и проширување на производството, или инвестиции за производство на расад. Како нова мерка ќе стартува и поддршката во ангажирањето на советодавни услуги, кои ќе им помогнат на земјоделците полесно да ги следат сите повици и навремено да аплицираат на нив. Предлагаме и нова  мерка за поддршка во смарт земјоделство каде ќе поддржиме инвестиции во примена на модерни ИТ технологии за автоматизирање на производството.

Со предлогот предвидуваме посебна програма за задруги со зголемена поддршка за земјоделските задруги, односно развој на задругите за преработки во финални производи.

Кај органското производство предлагаме како корисници на оваа мерка да бидат земјоделски стопанства кои имаат сертифициран растителен или сточарски органски производ. Предлагаме наместо процентуална исплата по хектар како до сега, да се врши исплата по произведен килограм или литар органски производ.

Преку формирање на осигурителен пул од државата, работиме и на системско решавање на проблемот со штетите од природни непогоди, каде ќе биде осигурено земјоделското производство.

Сите овие предлози беа презентирани пред членовите на агро советот кои едногласно ги одобрија и ги оценија како значајна реформа во земјоделскиот сектор со која се решаваат долгогодишните проблеми на земјоделците и се развива македонското земјоделство.

Приоритет на СДСМ како партија бил и ќе остане земјоделскиот сектор, токму во таа насока се постојаните реформи и континуираната грижа за земјоделците. Продолжуваме да работиме посветено и во интерес на земјоделците“, изјави Георгиевски.