Macedonia
This article was added by the user . TheWorldNews is not responsible for the content of the platform.

Германија ќе ги преполови парите што им ги плаќа на бегалците

Под бегалци до сега беа опфатени над 1 милион Украинци кои влегоа во земјата по руската инвазија на Украина. Во 2022 бројот на бегалци во Германија е зголемен за 50% во однос на 2019.

Само за приемот на украинските бегалци Берлин минатата година потроши 28 милијарди евра, од кои 15 милијарди завршија кај сојузните и локалните власти.

За следната година Германија ќе го укине финансирањето на украинските бегалци откако истите беа внесени и можат да ја користат тамошната социјална помош, наместо надомест за бегалци.

Буџетот за останатите бегалци во Германија, кој годинава изнесуваше 3,75 милијарди евра, германската влада планира да го намали на 1,25 милијарди евра. Уште од првиот бегалски бран во 2015, Берлин на сојузните држави им исплаќа надомест според бројот на бегалци што ги имаат примено и сместено.