Macedonia
This article was added by the user . TheWorldNews is not responsible for the content of the platform.

Ги терала своите деца да питачат - скопјанка заврши зад решетки

На подрачјето на Аеродром-Скопје вчера во 17.30 часот, полициски службеници од Единицата за внатрешни работи Аеродром и Драчево ја лишиле од слобода Л.С.(46) од Скопје осомничена за сторено кривично дело „запуштање и малтретирање на малолетно лице“ по член 201 од Кривичниот законик.

Претходно, истиот ден, на крстосницата од бул.„Србија“ со бул.„Јане Сандански“ биле затекнати нејзините две малолетни деца како питачат.

– Претставници на Центар за социјални работи извршиле службен разговор со малолетниците, а исто така и со неа бил извршен службен разговор во полициска станица, во кој таа во целост го појасни начинот на извршувањето на делото. По целосно документирање на случајот ќе следи соодветна пријава, соопштија денеска од МВР.