Macedonia
This article was added by the user . TheWorldNews is not responsible for the content of the platform.

Горивото во Црна Гора најевтино во регионот – еве каде е Македонија на листата

Во Црна Гора Еуросупер 95 е најевтин меѓу земјите од регионот, додека цената на еуродизелот е меѓу најниските, покажуваат податоците на црногорското Министерството за капитални инвестиции.

Податоците на новиот билтен на Министерството за цените на нафтените деривати велат дека , литар еуросупер 95 во Црна Гора чини 1,45 евра.

Горивото во Албанија може да се купи за 1,78 евра, 1,64 евра во Хрватска, 1,62 евра во Србија, 1,6 евра во Босна и Херцеговина и 1,55 евра во Северна Македонија.

Најскап еуросупер 95 во Европа плаќаат граѓаните на Данска, 2,22 евра, а најевтиниот е во Унгарија, 1,29 евра.

Кога станува збор за еуродизелот, литар во Црна Гора чини 1,55 евра, исто како и во Македонија. Во Албанија може да се купи за 1,9 евра, во Хрватска 1,86 евра, во Србија 1,83 евра и во БиХ 1,69 евра.

Граѓаните на Шведска за најскапиот еуродизел во Европа плаќаат 2,37 евра, а на Малта за најевтиниот 1,21 евра.