Macedonia

Грегори Бојс од „Twilight“ и неговата девојка пронајдени мртви во Лас Вегас

Актерот Грегори Тајри Бојс утрово беше пронајден мртов заедно со неговата девојка.

Триесетгодишниот Бојс и неговата 27-годишна девојка Натали Адепоџу биле најдени мртви во стан во Лас Вегас, а на местото наводно била најдена бела прашкаста супстанца. Причината за смртта на двајцата уште не е потврдена.

„Семејството е ужалено од оваа загуба. Грегори Бојс беше татко, син, внук, брат, вујко и пријател. Беше светлината во нашите животи и многу нѐ растажи веста за неговата смрт. Беше добар, одговорен и почитуван човек. Секогаш ги ставаше другите пред себе. Семејството сака да ве замоли да ја почитувате нашата приватност во овие тешки моменти“, стои во соопштението од семејството на починатиот актер.

Телата ги нашол роднина на Бојс, откако го здогледал неговиот автомобил во дворот во време кога требало да бидат во Лос Анџелес.

Бојс во франшизата „Twilight“ го играше ликот на Тајлер Кроули, еден од школските другари на Бела Свон (Кристен Стјуарт).

Football news:

Inter wants to sign Kessie. Milan previously refused to exchange for Gagliardini
Showsport supports the journalist Ivan Safronov, accused of treason. This is a very suspicious case
Mario Gomez, Pizarro, Emre, lomberts and other heroes who finished their careers this summer
Dyer was suspended for 4 matches for a brawl with a fan in the stands
Jorginho is unhappy that he doesn't play enough at Chelsea. Sarri wants to invite him to Juventus
The crazy story of the referee who forgot the rules and gave 16 extra penalties. All because of the new rules of the series
Havertz told Bayer that he wanted to leave. Chelsea is ready to pay 70+30 million euros for it