Macedonia
This article was added by the user . TheWorldNews is not responsible for the content of the platform.

Грција по страшното невреме: Активирани свлечишта, уништени патишта

Од: А1он

Многу куќи се поплавени, а многу патишта се тешко оштетени поради невремето што зафати делови од Грција.

Во Волос поради невремето „Елиас“ се активираа голем број одрони, а проблеми има и во снабдувањето со струја и вода.

Како што јави грчкиот јавен сервис ЕРТ, Волос моментално изгледа како „град кој е бомбардиран“.

На островот Евија многу области се уште се без струја и вода поради штетите предизвикани од излевањето на реките.

Многу патишта се уништени, а голем број згради се под вода, пренесува Катимерини.

Мештаните се обидуваат да ја отстранат калта со трактори и лопати.

Во Тесалија некои училишта се уште не работат бидејќи училниците се поплавени, но во поголемиот дел од училиштата од денеска почнува наставата во живо.