Macedonia
This article was added by the user . TheWorldNews is not responsible for the content of the platform.

Идеја за ручек: Ако вака ја испечете рибата во рерна никогаш повеќе нема да ја готвите на друг начин

Можеби печењето риба на скара е највкусно, но овој начин на печење секогаш можете да го користите во вашата кујна.

Рибите како што се бавче, платика, лосос и пастрмка се најсочни кога се печат во рерна.

Рибата можете да ја испечете на парче, но се чини дека е уште повкусна ако во рибарницата ја исечат рибата на филети. Тоа е прашање на сечиј вкус.

Состојки:
Свежа риба
Маслиново масло
2-3 чешниња лук
Магдонос
Сол и бибер
Лимон

Подготовка:
Измијте ја рибата што треба да се исчисти (обично се чистат во продавница за риби). Ако рибата не е исечена на филети, трипати сецнете ја со нож од двете страни. Рибата премачкајте ја со масло, посолете ја и забиберете ја од двете страни и внатре. Измешајте сечкан лук со маслиново масло и сок од лимон и со него премачкајте ја внатрешноста на рибата, а може да се стави и на горната површина. Доколку ви останал сок од лимон и маслиново масло, остатокот слободно прелијте го врз рибата. Печете ја рибата околу половина час, зависи од големината на рибата и јачината на рерната.

Пријатно!