Macedonia
This article was added by the user . TheWorldNews is not responsible for the content of the platform.

Илустрација која ги збуни љубителите на криенка: Дали можете да најдете 4 ракови?

Некои криенки лесно се решаваат, малку труд и сте ја завршиле задачата што ви е дадена, но има и такви кои се наменски направени за да ве потат и одземаат време.

Денеска ви подготвивме токму таква. Имено, на илустрацијата е прикажан воден свет со грст јастози, ѕвезди и полжави во него. Но и четворица „натрапници“, а ваша задача е да ги пронајдете.

Станува збор за ракови кои вешто се сокриле, а отежнувачка околност е што се со иста боја како јастозите, па треба да го „изострите“ видот.

Унгарскиот уметник Џерјели Дудас, кој го создал ова скривалиште, открил дека ако ги најдете за помалку од една минута, спаѓате во групата од 24 отсто луѓе кои исто така успеале.

Дали ги најдовте? Ако не сте, ќе ви кажеме каде се два од нив. Едниот е во близина на сините алги, а другата е десно од жолтите алги. Сега останува на вас да најдете уште два.