Macedonia
This article was added by the user . TheWorldNews is not responsible for the content of the platform.

Исклучувања: Делови од Скопје денеска без струја

 Поради технички интервенции во електродистрибутивната мрежа денеска без електрична енергија ќе останат дел од корисниците во општините Аеродром, Чучер Сандево, Сарај и Сопиште, соопштија од ЕВН.

Од 9:00 до 12:00 часот прекин во снабдувањето со електрична енегија ќе имаа корисниците од булевар „АСНОМ“, бр.180, вл.2, а од 7:30 до 15:00 часот корисниците на граничен премин Блаце, Мобимак Блаце, Терминал Блаце, Филип Инженеринг и Караула Блаце.

Во период од 8:00 до 15:30 часот без струја ќе бидат дел од жителите на селата Арнакија, Чајлане, Буковиќ, Раовиќ, Семениште, Ласкарци и Паничари, а од 8:30 до 14:30 часот дел од улица „4“ во Горно Соње.