Истрагата за најголемата криминална афера во модерната македонска историја е компромитирана! Сите индиции велат дека во криминалниот октопод се вмешани лица од највисоките ешалони на извршната и судската власт, кои во изминатиот месец имаа доволно време на располагање да влијаат на истрагата и сведоците во случајот „Рекет“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

-Очигледно е дека Русковска работи на тоа аболицираниот Зоран Заев и неговата криминална банда да бидат амнестирани. Русковска изминатиот месец стори се за главата на криминалниот октопод, Зоран Заев да биде ослободен од вина за милионскиот рекет. Заев знае дека е виновен, знае дека времето на неговото криминално владеење е завршено и токму поради тоа е во паника. Тој напаѓа новинари и јавно ги навредува неговите довчерашни најблиски соработници, а цело ова време Русковска и Јовевски чекаат негова команда, кој следен чекор да го преземат, стои во партиската реакција и се додава:

„Судот и обвинителството мора да се ослободат од стегите на власта и да постапат согласно нивната законска обврска. Судот и обвинителството наместо да го штитат мора да започнат да го гонат криминалот, во спротивно стануваат соучесници во криминалот и еден ден и самите ќе одговараат за тоа што го сториле. Македонија веќе трета година е заложник на аболицираниот криминалец, Зоран Заев и неговата криминална банда. Македонските граѓаните веќе трета година се жртви на криминалниот тоталитарен режим на чело со Заев. Се ближи крајот на криминалната банда, секој еден кој се огрешил пред законот  ќе одговара. Како што Заев милува да каже, најтешката казна во Македонија е затворот, кој сторил криминал ќе си го одлежи своето. Зоране време е ти да си одлежиш своето!“.