Macedonia

Јаневски: Продолжува кампањата „Дома си е дома“, фаворит е Охрид

Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот денеска во Охридскиот регион продолжи со активностите од кампањата „Дома си е дома“, во чии рамки се снимаат десет видео-спота наменети за привлекување гости како и за промоција на повеќе од 50 туристички атракции во земјата.

– Кампањата „Дома си е дома“ во различни форми веќе се спроведува повеќе од еден месец, како преку социјалните мрежи така и преку профилите на Агенцијата и на интернет страницата „Македонија тајмлес“ каде познати личности препорачуваат каде да се поминат годишните одмори тука во Македонија. Фаворит е Охрид и се надевам дека голем број туристи ќе го одберат токму охридскиот регион како дестинација, рече директорот на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот Љупчо Јаневски.

Тој порача дека Македонија има многу убавини што вреди да се посетат, од Охрид, Струга, потоа националните паркови со најрановидни форми авантуристички туризам, потоа посета на руралните средини…

Јаневски смета дека цените на угостителските и сместувачките услуги, односно аранжманите да бидат прилагодени на стандардот на граѓаните во земјата, да бидат соодветни на услугата, категоризацијата на сместувањето, квалитетот што се нуди, прилагодени на актуелната ситуација наметната од епидемијата.

– Активно контактираме со одредени тур-оператори кои се уште не ги откажале туку одложиле аранжманите за Охрид и Македонија. Очекувам веќе во месец август доколку има релаксирање на ситуацијата и доколку Македонија стане безбедна дестинација за што мора сите да придонесеме, да можеме покрај домашни во Охрид да видиме и странски туристи, рече тој.

Што се однесува на ваучерите од шест илјади денари наменети за одмор во Македонија, беше истакнато дека тие се за лица со примања под 15.000 денари.

– Тие лица и нивните семејства со оглед на кризата оваа година можеби немаше вооошто да се решеа да одат на одмор. Очекуваме со таа мерка и помошта да си дозволат неколку дена одмор во домашните туристички центри. Ваучерите ќе можат да се користат во сите категоризирани сместувачки капацитети и објекти, доколку се регистрираат на платформата при Министерството за економија, рече Јаневски.

Тој апелираше до граѓаните да се однесуваат кон државата, како што нагласи „како кон мајка“, преку регистрирање на сите ноќевања, да се уплаќа туристичката такса, да се издаваат фискални сметки, за државата потоа да може да врати онолку колку што сме вложиле во неа“.

Football news:

Manchester United have started negotiations with Raiola to extend Pogba's contract
Luis Suarez: Our goal is to win the three upcoming matches. We will wait for real to make a mistake
Kike Setien: Barcelona didn't play a great match. Espanyol played well in defense
Andujar Oliver on deletions: Fati went too far in the foot, and the foul on the Peak was even more dangerous, perhaps
Atalanta extended the winning streak to 11 matches, beating Sampdoria-2:0
Milner played his 536th game in the Premier League and was ranked in the top 5 of the League in games played
Barca midfielder Fati is removed in the Derby with Espanyol. He spent 5 minutes on the field