Macedonia
This article was added by the user . TheWorldNews is not responsible for the content of the platform.

Кабулов: Ситуацијата во Авганистан е влошена, се движи кон катастрофа

Од: А1он

Ситуацијата во Авганистан продолжува да се влошува и оди кон хуманитарна катастрофа, изјави специјалниот претставник на рускиот претседател за Авганистан, Замир Кабулов.

– Хуманитарната ситуација во Авганистан брзо се влошува, а за жал, земјата ита во хуманитарна катастрофа, рече Кабулов, кој е и директор на Вториот азиски оддел на руското Министерство за надворешни работи.

Рускиот претставник за ситуацијата ги обвини западните земји кои ги блокираа државните средства на Авганистан.

– Така, од една страна, Светската банка деблокираше 500 милиони долари од авганистанските резерви, но пред неколку месеци ги исклучи локалните банки од платниот систем СВИФТ, оневозможувајќи им да склучуваат меѓусебни зделки, нагласи рускиот дипломат.