Macedonia
This article was added by the user . TheWorldNews is not responsible for the content of the platform.

Кадиров: Путин треба да размисли за употреба на тактичко нуклеарно оружје во Украина

Од: А1он

Лидерот на Чеченија, Рамзан Кадиров, изјави дека Москва треба да размисли за употреба на тактичко нуклеарно оружје во Украина по новиот голем пораз на бојното поле.

dobivaj vesti na viber

Во пораката на Телеграм, зборувајќи за загубата на руското упориште Лиман во источна Украина, Кадиров напиша: „Според мое лично мислење, треба да се преземат подрастични мерки, до прогласување вонредна состојба во пограничните области и употребата на тактичко нуклеарно оружје“.

Најавата на Кадиров доаѓа еден ден откако рускиот претседател Владимир Путин објави анексија на четири украински региони – вклучувајќи го и Доњецк, каде што се наоѓа Лиман. Путин рече дека Москва ќе ги брани регионите што ги окупира „со сета своја сила и сите средства што ги има“, пренесе Ројтерс.

Русија денеска соопшти дека нејзините сили се повлекле од градот Лиман во источна Украина за да избегнат да бидат опколени од украинската армија. „Во врска со создавањето закана од опкружување, сојузничките трупи се повлечени од населбата Красни Лиман на поповолни позиции“, соопшти Министерството за одбрана во Москва, користејќи го руското име на градот.

Украинското заземање на Лиман, кој со месеци служеше како логистички и транспортен центар за руските операции, означи голем пораз за Москва еден ден откако претседателот Владимир Путин прогласи анексија на четири украински региони.