Macedonia
This article was added by the user . TheWorldNews is not responsible for the content of the platform.

Каевски: Институциите да ја испитаат улогата на Мицкоски во спорниот тендер

Од: А1он

Додека Христијан Мицкоски молчи, јавноста очекува одговори за неговата улога во сомнителниот тендер од 136 милиони евра наменети за пречистителната станица во Скопје. Токму овој тендер беше причината за кавгата помеѓу градоначалничката на Скопје Данела Арсовска и директорот на ЈП Водовод и канализација Златко Перински, двајцата кадри на Мицкоски рече на прес конференција портпаролот и пратеник на СДСМ Дарко Каевски.

dobivaj vesti na viber

– Токму Арсовска во јавноста посочи дека Мицкоски имал повеќе информации за деталите од тендерот, нешто што тој не би смеел да го знае, имплицирајќи негова директна вмешаност во тендерот. Затоа, надлежните институции мора да го расчистат овој случај, да ги земат предвид сите аспекти и да се лоцираат одговорните. Некогашниот шпицен кандидат за премиер, Мицкоски, сега изигрува шпицен градоначалник за да се меша во тендери, за да има влијание и да остварува лични интереси и интересите на одредени бизнис групи рече Каевски.