Macedonia
This article was added by the user . TheWorldNews is not responsible for the content of the platform.

Каспаров: Секој Русин што моментално живее во Русија е дел од воената машина на Путин

Од: А1он

Гари Каспаров, поранешен светски шампион во шах и жесток критичар на рускиот претседател Владимир Путин, во интервју за германскиот магазин Шпигел изјави дека „секој Русин што моментално живее во Русија е дел од воената машина на Путин“, додавајќи дека „сите оние кои сакаат да бидат на вистинската страна на историјата треба да ја напуштат земјата“.

dobivaj vesti na viber

Поранешниот шампион во шах вели дека поминал 20 години борејќи се со Владимир Путин.

„Отсекогаш сум велел дека неговиот режим нужно ќе стане фашистичка закана и тоа не само за Русија и нејзините соседи, туку и за целиот свет. Би било убаво ако повеќе луѓе го сфатат сериозно тоа предупредување“, рече Каспаров.

„Денешна Русија е фашистичка диктатура“

На прашањето на Шпигел дали поради фактот што живее во странство (Каспаров е во политички егзил од 2013 година), тој е во единствена позиција да поставува такви барања кон оние кои сè уште не ја напуштиле Русија, Каспаров одговори: „Ова е војна. Или сте на едната или на другата страна. Секој граѓанин на Русија, вклучително и јас, сноси колективна одговорност за оваа војна, дури и ако не сноси лична одговорност“.

„Денешна Русија е фашистичка диктатура која, додека зборуваме овде, врши злосторства против човештвото.