Macedonia
This article was added by the user . TheWorldNews is not responsible for the content of the platform.

Казнети 430 возачи за брзо возење, еден „летал“ со 220 км на час

Вкупно 430 возачи се казнети во текот на вчерашниот ден во акциската контрола што ја спроведе Министерството за внатрешни работи на територија на цела држава.

Како што информира МВР, 22 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а три возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Притоа 232 возачи ја пречекориле брзината во населено место, а 198 надвор од населено место.

– Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта, соопшти МВР.