Macedonia
This article was added by the user . TheWorldNews is not responsible for the content of the platform.

Хари за интимните сцени на Меган во „Suits“: Ми требаше терапија, не требаше да ги гледам

Меган Маркл како актерка се прослави со хит серијата Suits, но откако се омажи за принцот Хари во 2018 година, таа го напушти сетот.

Кога војводата од Сасекс првпат ја запознал актерката две години пред нивната венчавка, решил да ја гледа серијата за да дознае како неговата девојка заработува за живот.

Поради неодамнешниот пораст на гледаноста на серијата откако беше додадена на Нетфликс во јуни, повторно се појави извадок од мемоарите на Хари. Во едно поглавје, принцот детално го опишал неговиот шок кога ја видел Маркл како Рејчел Зејн како глуми во неколку интимни сцени.

-Направив грешка што пребарував и ги гледав нејзините љубовни сцени на Интернет. Особено онаа од неа и нејзиниот колега во канцеларијата и во конференциската сала… Ми требаше терапија со електричен шок за да ги извадам тие слики од мојата глава. Не требаше да гледам такви работи, опиша Хари во книгата.