Macedonia
This article was added by the user . TheWorldNews is not responsible for the content of the platform.

Холандската влада ќе разговара со фармерите за планот за намалување на емисиите на штетни гасови

Од: А1он

Претставници на холандските фармери денеска разговараа со премиерот Марк Руте и министри од неговиот Кабинет за планот на Владата за намалување на емисиите штетни гасови, поради кој фармерите најверојатно ќе мора да го намалат бројот грла на нивните фарми.

dobivaj vesti na viber

Планот на холандската Влада за намалување на емисиите гасови што предизвикуваат ефект на стаклена градина покрена серија протести на фармерите изминатите седмици.

Двете главни организации на фармерите не учествуваа на денешниот состанок, бидејќи се сомневаат во непристрасноста и независноста на посредникот Јохан Ремикс назначен да ги води преговорите. Исто така тие бараат Владата да направи отстапки кон фармерите.

Премиерот Руте пред денешните преговори во Утрехт одби да даде коментар. Тој претходно ги осуди протестите, изјавувајќи дека мала група фармери поради природата на протестите ги загрозува останатите.

Холандските фармери се незадоволни од планот што предвидува до 2030 година емисиите на азот да се намалат за 50 проценти, што ќе ги натера драстично да го намалат бројот грла на фармите. Тие изминатите седмици блокираа центри за дистрибуција на стоки за супермаркетите и истуриваа најразличен отпад по сообраќајниците низ земјата, вклучително арско ѓубриво и азбест.

Извор: МИА